• понеделник, 02 септември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 28 мај 2023 (МИА) - Полициски службеници утринава во 1:35 часот во близина на угостителски објект во Градскиот парк во Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 16:35 часот на подрачјето на Центар го лишиле од слобода С.М.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 11:50 часот на клучка Арачиново го лишиле од слобода О.И.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници вчера во 11:15 часот на подрачјето на Мирковци го лишиле од слобода В.Г.(40) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес вчера во 22:30 часот во Велес во близина на река Бабуна ги лишиле од слобода Ф.М.(27), Ј.Н.(34) и С.Н.(25) сите од Скопје кои биле со патничко возило затоа што во возилото биле пронајдени таблети екстази. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 21:15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од булеварот „Христијан Тодороски – Карпош“ и улицата „Натанаил Кучевишки“ патничко моторно возило ауди со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Е.(34) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
 
Вчера во 21:45 часот било пријавено дека во Куманово, на крстосница од булеварот „Октомвриска Револуција“ со улиците „Иво Лола Рибар“ и „Ѓорче Петров“ патничко моторно возило опел астра со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(23) од Куманово, удрило во две малолетнички од кумановско. Во несреќата со повреди се здобиле малолетничките, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Вчера во 23:20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп кај село Долно Српци патничко моторно возило форд со бугарски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(45) од Битола (женско лице), удрило во Џ.Ф.(52) од Албанија. На местото на несреќата починал пешакот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.  

П.К.(44) од Скопје синоќа во 0:10 часот во Полициската станица Драчево пријавил дека на улицата „Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.

П.Т.(68) од Скопје вчера во 16:00 часот во Полициската станица Карпош пријавил дека во кругот на трговски центар на подрачјето на Карпош бил каснат од куче скитник.

З.М.(69) од Скопје вчера во 16:30 часот пријавила дека во кругот на Гробишта Бутел била касната од куче скитник.вј/

Фото: МИА архива
 

Остани поврзан