• петок, 27 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 7 јули 2024 (МИА) - На 06.07.2024 во 12.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода С.О.(31) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.07.2024 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(20) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување, девет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 13 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл...

На 06.07.2024 во 11.00 часот Полициска станица Прилеп, било пријавено дека на патот од Градско кон Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(44) од Скопје и патничко возило „форд“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(56) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка В.С.(45) од Скопје, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

На 06.07.2024 во 10.25 часот СВР Велес било пријавено дека на улица „АСНОМ“, пред влез на пералница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од М.А.(32) од Битола и мотоцикл „венџи“, управуван од Д.Д.(61) од Велес, и двете со велешки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес

На 06.07.2024 во 12.15 часот во Полициска станица Чаир, К.Д.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„Качанички пат“ во Скопје бил каснат од куче скитник.   

Денеска (07.07.2024) во 03.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, О.Ч.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„1512“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

Остани поврзан