• четврток, 09 јануари 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 9 јануари 2025 (МИА) - На 08.01.2025 во 13.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Б.(28) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот во населба „Перо Чичо“ и исто така се сомничи дека од приватен имот на улица „Народна револуција“ одзел повеќе предмети. С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 08.01.2025 во 19.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Л.(32) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми од огнено оружје калибар 9 милиметри. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

На 09.01.2025 во 01.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода С.М.(47) од Струмица и К.Ј.(59) од село Босилово, струмичко. Тие се сомничат дека околу 19.00 часот на 08.01.2025 во село Старо Коњарево, струмичко, со употреба на сила одзеле пари од Љ.Ј. од село Старо Коњарево. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.01.2025 во 15.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.01.2025 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.П.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.01.2025 во 02.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С.(29) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени прашкаста материја и марихуана. Н.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 08.01.2025 во 16.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.В.(32) од Прилеп затоа што при контрола во неговото патничко возило  „бмв" со прилепски регистарски ознаки била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 08.01.2025 во 14.05 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека кај осуденикот Д.Ј.(41) од Куманово, со живеалиште во Струмица, биле пронајдени повеќе различни раблети. Полициски службеници од СВР Штип излегле на местото и ги подигнале таблетите за понатамошна постапка.   

На 08.01.2025 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Ропаљце - с.Матејче, општина Липково, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(29) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.М.А.(28) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 08.01.2025 во 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од ул.„Алексо Демниевски“, ул.„Вардарска“ и ул.„Наум Наумовски“ во Велес, патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(28) од Велес, удрило во пешакот С.П.(71) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

На 08.01.2025 во 10.50 часот во Полициската станица Карпош, А.Ј.(52) од Скопје пријавила дека на бул.„ Партизански Одреди“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 08.01.2025 во 15.20 часот во Полициската станица Центар, А.А.(52) од Скопје пријавил дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 08.01.2025 во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.М.(47) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник. миа/миа/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан