• вторник, 24 декември 2024
МВР Билтен

Скопје, 27 октомври 2024 (МИА) - На подрачјето на Центар во 00:50 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(21) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На подрачјето на Карпош синоќа во 02:20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Р.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 14:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(24) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 15.30 часот вчера на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ч.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 20:40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 19:50 часот вчера на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Б.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 11.30 часот вчера на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера вo 19 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак со ул.„1“ во с.Батинци, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(33) од с.Цветово,скопско, удрило во пешакот Ф.И.(83) од с.Батинци,скопско. Во несреќата од здобиените повреди починал Ф.И., а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Со телесни повреди се здобил возачот А.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Во 16 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“, ул.„Иван Козаров“ и ул.„Есенинова“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(52) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.К.(44) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

 Вчера во 15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на кружниот тек од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Боца Иванова“ во Скопје, З.А.(71) од Скопје, додека се превезувала како патник во автобус на ЈСП, управуван од Г.С.(55) од Скопје, паднала во автобусот и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Јужноморавски бригади“ и ул.„Среќко Пужалка“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И.(20) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.М.(24) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера во 08.30 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Народна револуција“ и ул.„Салтир Наумов“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(42) од Скопје и мопед „волта“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.П.(52) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 25 октомври во 00.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х.(19) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Х.А.(21) од Скопје и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера од отворено одделение Велес при Казнено поправна установа Затвор-Идризово, било пријавено дека околу 17 часот при преглед на А.С.(34) од Велес, осудено лице кое издржувало мерка во установата, биле пронајдени дигитална вага, пакување со жолта прашкаста материја и два мобилни телефони, кои од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес биле одземени.

Од страна на полициски службеници од затворска полиција, А.С. бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор-Идризово  за доиздржување на казната. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори", казниво по чл. 215 од КЗ.

Вчера во 11.30 часот во Полициска станица Велес Ј.Н.(31) од Велес пријавила дека на улица „Архиепископ Михаил“ во Велес, била касната од куче скитник.

Во 13 часот вчера во Казнено поправната установа Затвор Битола кај осуденикот Ш.А.(37) од Битола била пронајдена марихуана, грутчеста материја, како и шише со непозната течност.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(49) од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и прашкаста материја.

Д.Р. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. бак/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан