• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 26 јануари 2024 (МИА) - На 25.01.2024 во 22.15 часот на кеј „1 Мај“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.С.(37) од Прилеп. Тој бил фатен при извршување кражба во куќа, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на  случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 25.01.2024 во 14.30 часот во Струга, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле 40-годишната Б.Т. од прилепското село Долнени и 47-годишната С.А. од селото Дебреште, прилепско. Тие биле затекнати при вршење кражба во трговски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 26.01.2024 во 02.00 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле М.Ц.(28) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 25.01.2024  во 23.30 часот на подрачје на Гази Баба – Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Б.П.(20) од Неготино затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен  поднесок. 

На 25.01.2024 во 11.40 часот во близина на спортски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Ж.Д.(55) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Денеска (26.01.2024)  во 04.00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром  Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода  М.Б.(27) од с.Арачиново, скопско, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидирира со мерка „апси“. Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.   

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.01.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 194 мерки, меѓу кои 96 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на црвено светло на затворен семафор, 15 мерки за користење на мобилен телефон... 

На 25.01.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица - Валандово, Ш.Џ.(63) од Струмица, управувајќи патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 25.01.2024 во 18.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на бул.„1 Мај“, товарно моторно возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(37), удрило во малолетник, двајцата од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. 

На 25.01.2024 во 16.52 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар - с.Градец се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мицубиши“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(44) од с.Врапчиште, гостиварско и патничко моторно возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.С.(63) од с.Топлица, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.С., констатирани во болницата во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Гостивар. 

На 25.01.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Аеродром, С.К.(34) од Скопје пријавила дека на мостот Беласица била касната од куче скитник. 

На 25.01.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.С.(21) од с.Брњарци, скопско, пријавила дека во селото била касната од куче скитник.

На 25.01.2024 во 17.15 часот во Полициската станица Чаир, Е.К.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓоре Ѓоревски“ во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

Остани поврзан