• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 8 мај 2024 (МИА) -На 07.05.2024 во 23.20 часот на езеро Младост во Велес, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Ј.(29) и Л.Т.(29), двајцата од Велес. При преглед на патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј., а сопатник бик Л.Т., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Денеска (08.05.2024) во 02.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(25) од с.Трубарево, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 07.05.2024 во 20.40 часот на подрачјето на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.П.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 07.05.2024 во 21.30 часот на  подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.М.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 07.05.2024 во 22.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 07.05.2024 во 10.10 часот во ОВР Ресен било пријавено дека во Преторска Река кај с.Претор, ресенско, биле пронајдени две неексплодирани гранати. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатите биле безбедно подигнати, при што констатирал дека се работи за две гранати 75 мм кои потекнуваат од Првата светска војна. 

На 07.05.2024 во 18.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го привеле Б.К.(57) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека меѓународните зелени карти за осигурување на товарно возило „волво“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал, биле фалсификувани. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. 

На 07.05.2024 во 23.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го привеле А.Д.(38) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека меѓународнита зелени карти за осигурување на товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал, биле фалсификувани. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. 

На 07.05.2024 во 21.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле Х.Б.(36) од Косово затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил туѓа косовска лична карта. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.     

На 07.05.2024 во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица - Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско. По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица. 

На 07.05.2024 во 10.43 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од булевар „1 Мај“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(77) од Битола, удрило во пешакот Д.Ј.(53) од Битола. Во несреќата Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола. 

На 07.05.2024 во 15.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Видое Смилевски Бато“ се случила сообраќајна несреќа  помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(52) од Куманово и патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(33) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Т., додека неговата сопатничка М.Т.(19), возачот М.Д и негови двајца малолетни сопатници, сите од Куманово,  се здобиле со телесни повреди констатирани во Ургентен центар Куманово. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.   

На 07.05.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.А.(34) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На 07.05.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Карпош, А.В.(47) од Скопје пријавила дека на Средно Водно била касната од куче скитник. 

На 07.05.2024 во 20.15 часот во Полициската станица Драчево, И.Л.(29) од Скопје пријавил дека на ул.„Малешевска“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

Остани поврзан