• петок, 27 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) - На 23.06.2024 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Р. (23) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Л.Р. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Денеска (24.06.2024) во 00.25 часот во Скопје, на патот кај Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.З.(24) и М.А.(25), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (24.06.2024) во 00.55 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 23.06.2024 во 12.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(39) од Р.Словенија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по чл.236 од КЗ на РСМ. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 

На 23.06.2024 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Тополчани, прилепско, патничко моторно возило „мазда” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(26) од с.Тополчани, удрило во Р.В.(80) од с. Тополчани. На Р.В. во Градската болница во  Прилеп и биле констатирани тешки телесни повреди.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се 52 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11 санкции, шест мерки за минување на затворен сигнал- црвено светло, четири санкции за некористење на сигурносен појас...

На 23.06.2024 во СВР  Битола М.Н.(25)  од Битола пријавил дека на ул. „Владимир Назор” во Битола  бил каснат од куче  скитник.

 

 

Остани поврзан