• среда, 18 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 16 декември 2024 (МИА) - ОВР - Струга поднесе кривична пријава против Р.М., 67-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, на 30.05.2018 и на 01.04.2024 донел решение, со што А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар, го именувал за директор на основното училиште во истото село. Пријавениот Р.М., го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години работно искуство во училиштето, не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање англиски јазик. Овие неправилности биле утврдени при контрола на Државниот просветен инспекторат, извршена на 20.06.2024, при што дополнително било констатирано дека пријавениот Р.М., по донесување одлука на училишниот одбор, не објавил оглас за избор на директор, со што, на А.О. противправно му овозможил да добие решение за в.д. директор и остварување парична корист што му биле исплатени по основ на плата и придонеси.

Денеска во 2:35 часот на улица „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода А.К., 39-годишник од село Порој, тетовско, поради сомнение дека во 2:10 часот на улица „Прохор Пчински“ се обидел да изврши „тешка кражба“ во возило.

Возилото било сопственост на Ц.С., 36-годишно лице од Тетово. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 20:25 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Х., 25-годишник од Република Хрватска, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 19:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР - Скопје го привеле А.М., 38-годишно лице од главниот град на државава, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 18:50 часот на граничниот премин „Јажинце“, на влез во државава, полициски службеници го привеле А.А., 27-годишник од село Јеловјане, тетовско, затоа што при извршена пасошка и гранична контрола, констатирано било дека евидирал на СТОП-листа по наредба на Основен суд - Тетово.

Тој бил предаден на полициски службеници во СВР - Тетово за понатамошна постапка.

Вчера во 00:45 часот на место викано „Две дупки“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор - Блаце ги затекнале Р.В., на возраст од 44 години од Косово и Е.О., 18-годишно лице од село Боговиње, тетовско.

При нивно легитимирање било утврдено дека патната исправа на Е.О. била преправана. Тој бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик, а Р.В. бил приведен поради сторен прекршок по член 10 од Законот за странци. Тие биле предадени во Полициската станица - Чаир за понатамошна постапка.

Вчера во 15:44 часот во СВР - Битола било пријавено дека на улицата „Довлеџик“, патничко возило „сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К., 54-годишно лице од овој град, удрило во бетонски столб.

Од здобиените повреди, на местото починал сопатникот М.К., 80-годишно лице од овој град, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош - Битола. Додека, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница - Битола. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР - Битола.

Вчера во 15:05 часот во СВР - Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип - Кадрифаково, патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Н., 53-годишно лице од село Таринци, општина Карбинци, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница - Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Штип.

Вчера во 17:50 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на улицата „Методија Андонов - Ченто“, патничко возило удрило во Л.Ј., 68-годишно лице од главниот град на државава, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Л.Ј., констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Скопје.

Вчера во 17:20 часот во Полициското одделение - Шуто Оризари, А.К., на возраст од 18 години од Скопје, пријавил дека на улицата „Мелничка“ во градот, бил каснат од куче скитник.

Денеска во 8:30 часот во СВР - Битола, С.К., на возраст од 63 години од село Перово, ресенско, пријавила дека на крстосница од улиците „Ленинова” и „Борис Кидрич”, била касната од куче скитник. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан