• недела, 24 ноември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 4 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вчера во 21:00 часот во Кавадарци ги лишиле од слобода С.Ѓ.(22) од Х.Г.(24), двајцата од Кавадарци, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На Граничниот премин „Ќафасан“,вчера во 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.Д.(40) од Република Албанија, поради тоа што при извршена проверка било  констатирано дека се бара по потерница распишана од Интерпол-Грција. Тој бил задржан во Полициска станица Струга, по што од страна на Основен суд Струга му била определена мерка притвор во траење од 30 дена и бил спроведен во КПУ Затвор Охрид.

На магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Здуњска крстосница, вчера во 22:20 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Р.К.(49) од село Мердита, гостиварско, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.   

Во рамки на акциска контрола спроведена денеска во угостителски објекти на подрачјето на Тетово, од страна на полициски службеници од СВР Тетово во интернет клуб, сопственост на А.М. од Тетово, биле затекнати 9 малолетници после законски дозволеното време. Малолетниците биле предадени на нивните родители, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.   

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 299 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 27 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло. Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, 55 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за управување под дејство на алкохол...

Вчера во 11:30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на село Арнакија, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х.(23) од село Рашче удрило во пешакот Џ.Р.(73) од село Арнакија. Во несреќата Џ.Р. се здобила со тешки телесни повреди,   констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

Вчера во 15:10 часот било пријавено дека во Прилеп, на крстосницата од ул.„Кораб“ со ул.„Лазар Заменхов“ се случила сообраќајна несреќа меѓу два велосипеда, управувани од С.У.(25) и од Б.С.(49), двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.У., констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Д.Ф.(32) од Скопје вчера во 20:50 часот во Полициската станица Бит Пазар пријавил дека на ул.„Ордан Чопела“ бил каснат од куче скитник. 

А.Ѓ.(41) од Скопје вчера во 20:30 часот во Полициската станица Аеродром пријавила дека на кеј на реката Вардар била касната од куче скитник. 

Б.З.(39) од Скопје, вчера во 20:00 часот во Полициската станица Гази Баба, пријавила дека на кеј на реката Вардар нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан