• четврток, 19 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 10 август 2024 (МИА) - На 09.08.2024 година во 23,12 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод - Кичево се случила сообраќајне несреќа помеѓу патничко возило марка „БМВ“ со странски регистарски ознаки, управувано од М.К.(23) од Кичево со патничко возило „Ауди“ управувано од Ѓ.И.(40) од Кичево, како и со четири паркирани возила: „БМВ“, „Ауди“, „Фолксваген шаран“ и „Опел“. Во незгодата починал М.К., а смртта е констатирана во Градска болница Кичево, додека со тешки телесни повреди се здобил вториот возач на „Аудит-то“ Ѓ.И., како и уште четири сопатници во двете возила, „мерцедес“ и „ауди“, а две лица (сопатници), се здобиле со телесни повреди, сите констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

На 09.08.2024 година, во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улица „11-ти Октомври“ со булевар „Кочо Рацин“ во Скопје, електричен тротинет „шаоми“ управуван од В.Ј. (34) од Скопје удрил во пешакот В.М. (64) исто така од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 09.08.2024 година во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека истиот ден во утринските часови на регионалниот пат Пробиштип - Кратово, во близина на место викано - „Кундинска барака“ - Перово долче, мотоцикл марка „Хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Љ.А.(18) од Пробиштип изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

На 09.08.2024 година во 13.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово - село Брвеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило марка „Фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К.(56) од село Горна Речица, тетовско, со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(36) од село Желино, тетовско, како и паркирано патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, сопственост на М.Ќ.(38) од село Боговиње, тетовско. Во несреќата од движечкото возило „мерцедес“ со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички - З.Р.(52) и една малолетничка, додека со  телесни повреди од истото возило се здобиле возачот Б.З. како и уште две негови сопатнички - Р.З.(34) и Р.З.(26) сите од село Желино. Повредите се констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Денеска (10.08.) во 00.55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.П.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.08.2024 година во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(21) од село Инџиково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (10.08.) во 00.30 часот во с.Балталија, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.М.(37) од село Селце, затоа што кај него  била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На   09.08.2024 година  во   12.40   часот   во   СВР   Скопје   од   вработено   лице   од   Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека при извршен претрес   на осуденикот М.А. била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 09.08.2024 година во 20.30 часот на патот Средно Водно кон туристички објект „Македонско село“ во Скопје, на подрачјето на ПС Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полција при СВР Скопје го привеле П.П. (21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена воздушна пушка „Славија 624“ и дијаболи калибар 4.5. По целосно документирање на случјат ќе следува соодветент поднесок по чл.80 ст.1 од Законот за оружје.

На 09.08.2024 година  во 13.30 часот во Полициската станица Аеродром, Ц.П.(77) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 09.08.2024 година во 20.00 часот во Полициската канцеларија Старо Нагоричане било пријавено дека во с.Жегљане, општина Старо Нагоричане било опожарено лозје, сопственост на В.К. Повредени лица нема. Од Територијалната противпожарна едница Старо Нагоричане пожарот бил локализиран. Извршен бил увид од увидна екипа. 

 

Остани поврзан