• недела, 22 септември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 21 септември 2024 (МИА) - Вчера во 17.45 часот во Прилеп, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Н., 35-годишник од овој град.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, различни таблети, грутчеста материја и дигитална вага. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Синоќа во 19.30 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода М.М., на возраст од 39 години од демиркапиското село Корешница, затоа што на депонијата во Демир Капија бил затекнат од полициските службеници како пали душеци.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Синоќа во 21.50 часот во спортска обложувалница во Штип, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Ж., на возраст од 41 година и Д.М., 32-годишно лице, двајцата штипјани, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста и бела грутчеста материја.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 21.10 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје лишиле од слобода малолетник од главниот град на државава, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

Синоќа во 20.20 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР - Скопје лишиле од слобода малолетник од скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 23.25 часот на подрачјето на Радишани, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода М.И., 19-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 15.20 часот во СВР - Велес било пријавено дека на автопатот Скопје - Неготино, пред исклучокот Велес кај селото Башино Село, патничко возило „сеат леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Т., 30-годишно лице од Кавадарци, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците - 61-годишната Д.Т.и В.Т., на 66-годишна возраст, сите од Кавадарци, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР - Велес. 

Синоќа во СВР - Штип било пријавено дека околу 20.06 часот на магистралниот пат Кочани - Штип, во село Долни Балван, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа.

Таа била помеѓу патничко возило „бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.П., 20-годишно лице од Кочани и патничко возило „шкода фабиаа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.П., на 19-годишна возраст од Велес. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Ј.Т., 19-годишник од струмичко Турново. Со телесни повреди се здобиле возачот К.П. и неговите сопатници И.А., 21-годишно лице и Б.Л., на возраст од 19 години, двајцата од Кочани, како и сопатникот во возилото „шкода“, А.К., на 20-годишна возраст од Штип, констатирани во штипската Клиничка болница. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР - Штип.  

Вчера во 16.46 часот во ОВР - Кочани било пријавено дека на крстосница од улиците „Скопска“ и „П.Вељанова“, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од В.В, 33-годишно лице од Кочани, удрило во велосипед, управуван од негов малолетен сограѓанин.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во болницата во Кочани. Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР - Кочани.

Вчера во 12 часот во Полициската станица - Кисела Вода, Б.Р., 43-годишна скопјанка, пријавила дека на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје била касната од куче скитник. 

Синоќа во 20 часот во Полициската станица - Аеродром, И.О., 24-годишник од Скопје, пријавил дека на кеј на реката Вардар бил каснат од куче скитник. 

Вчера во 15.50 часот во Полициската станица - Гази Баба, Л.С., на возраст од 74 години од Скопје, пријавила дека на улицата „Методија Андонов Ченто“ била касната од куче скитник. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан