• петок, 27 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - На 12.10.2023 во 16.05 часот на ул.„Финска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Д.(21) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Денеска (13.10.2023) во 09.10 часот на ул „Ѓорѓи Пенков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Л.(37) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.   

На 12.10.2023 во Демир Хисар, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Г.Ц.(61) од Демир Хисар. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ калибар 12мм, воздушна пушка калибар 4,5мм и 17 куршуми калибар 12мм. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.10.2023 во 22.00 часот на улица „Крум Точко“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле В.Х.(25) од Струга затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.10.2023 во 20.00 часот на локален пат во кичевската населба „Крушино“, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода А.М.(31) од кичевското село Лисичани затоа што кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.10.2023 во 13.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Д.Г.(26) од Република Франција затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.10.2023 во 13.42 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во пакет, кој пристигнал по пошта за осуденикот Х.С.(28) од Скопје, била пронајдена марихуана. Полициски службеници извршиле увид и ја подигнале дрогата за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.10.2023 во 21.00 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Б.С.(64) од Република Албанија затоа што при  увид на грчката сообраќајна дозвола било констатирано дека патничкото моторно возило „мерцедес“ со грчки национални ознаки, кое го управувал, имало друг вин број кој бил утврден од типската налепница и од бројот на шасијата на возилото. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Денеска (13.10.2023) во 02.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода И.Н.(43) од Косово затоа што при контрола на документите било констатирано дека германската возачка дозвола која ја дал на увид била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден (12.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 208 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 105 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, седум санкции за возење без возачка дозвола, шест санкции за управување под дејство на алкохол, шест мерки за користење на мобилен телефон при возење...

Во текот на вчерашниот ден (12.10.2023) во периодот од 17.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за Униформирана полиција, Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Штип за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 73 возачи, од кои 20 за возење без возачка дозвола, четири за возење со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола. Изречени се четири мерки за возење без лекарско уверение при вршење на јавен превоз, две санкции за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), пет санкции за возење под дејство на алкохол...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.10.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 62 возачи.

На 12.10.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 11 прекршоци, од кои 8 во населено место и 3 надвор од населено место. Истиот ден во времето од 10.00 до 14.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци. Притоа биле санкционирани 5 прекршоци. Санкционирани биле и 38 други видови на прекршоци, од кои 14 за управување возило без возачка дозвола, 3 нерегистрирано возило, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 5 за некористење сигурносен појас, 6 за користење мобилен телефон, 1 за непрописно престројување и 7 за непрописно паркирање.

На 12.10.2023 во 16.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ удрило во малолетник, по што го напуштило местото. Малолетникот бил пренесен во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде била констатиран смрт. По кратко време, по преземени мерки и активности, полициски службеници го пронашле возилото и возачот З.Ш.(21) од Скопје, кој бил приведен. Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.   

На 12.10.2023 во 09.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Радовиш, на делница помеѓу селата Владевци и Радичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу влекач „волво“ со полуприколка, со струмички регистарски ознаки, управуван од В.Н.(60) од Струмица и патничко возило „хонда“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Љ.И.(46) од село Воиславци, радовишко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од патничкото возило „хонда“, Д.И.(42) од с.Воиславци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 12.10.2023 во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Доне Божинов“ и ул.„Фетка Наскова“ во Куманово, патничко моторно возило удрило во  С.Ц.(76) од с.Горно Којнаре, кумановско, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ц, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 12.10.2033 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Ј.П.„Комунална Хигиена“, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З.(45) од Скопје, удрило во Т.Д.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 12.10.2023  во СВР Битола, П.Т.(87) од Битола пријавил дека на ул.„Арон Ароести“ во Битола бил каснат од куче скитник .

На 12.10.2023 во 10.15 часот во ОВР Кичево, И.А.(35) од кичевското село Србјани пријавил дека на локален пат во селото бил каснат од куче скитник.

На 12.10.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Аеродром Г.А.(26) од Битола пријавила дека на ул.„23-ти Октомври“ била касната од куче скитник. љм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан