• среда, 25 декември 2024
МВР Билтен

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Вчера СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(22) и Л.Б.(26), двајцата од Гевгелија, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, по член 215 од Кривичниот закон.На 30.10.2024 А.М., заради продажба, купил 25 парчиња екстази  и 68 грама амфетамин, а подоцна во станот на Л.Б. набавениот амфетамин го препакувале во мали најлонски пакувања за понатамошна продажба. При претрес на домот на Л.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени амфетамин и марихуана, а во дворното место било пронајдено најлонско ќесе со екстази, амфетамин и една дигитална вага. Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гевгелија, каде во службениот разговор го признале делото, а А.М. признал и дека предметите кои биле пронајдени во дворното место ги фрлил тој, откако забележал дека пред зградата има полициски службеници. Од страна на судија од Основен суд Гевгелија на осомничените им била определена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Во СВР Битола, вчера во 12:30 часот било пријавено дека на ул.,,8 Септември“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода” со битолски регистарски ознаки, управувано од К.П.(71) од Битола и патничко моторно возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(60) од Битола. Возачот К.П. починал, а смрт констатирал доктор од Клиничка болница Битола. Увидот во присуство на јавен обвинител го изврши увидната екипа на СВР Битола.

Вчера во 23.05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Љ.Г.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Скопје, вчера во 22:50 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(35) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 14.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција лишиле од слобода малолетник од с.Стајковци, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Скопје, вчера во 21:40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Л.Н.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 14.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ѓ.(25) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Во Полициската станица Аеродром вчера во 13:30 часот Д.С.(28) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во  23 часот на улица ,,Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја привеле А.А.(20) од тетовско Ларце, по судска наредба за издржување на затворска казна во врска со сторено кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. А.А. ќе биде предадена на надлежната казнено поправна установа.

Полициски службеници од СВР Куманово вчерав во 23 часот го лишиле од слобода С.Р. (28) од Куманово. Тој бил осуден на една година и шест месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот закони, а бил баран по потерница за доиздржување на една година и четири месеци од казната. Лицето било спроведено во Казнено поправна установа Затвор К’шање за доиздржување на казната. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан