• недела, 24 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - Вчера околу 16 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР - Велес ги лишиле од слобода С.Т.(49), Л.Л.(37), Р.С.(32) и С.Л.(29), сите од овој град.

При претрес во домот на С.Т. и Л.Л., извршен со судска наредба и во соработка со Единицата за службени кучиња, биле затекнати и Р.С. и С.Л.. Кај С.Т. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и една дигитална вага. Додека, кај Л.Л. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, таблети екстази, две дигитални ваги и пиштол „екол“. За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Вчера во 13.30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи - Радовиш ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш.

Тие се сомничат дека околу 7.30 часот од црква во Радовиш, се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото. Во службен разговор во Полициската станица - Радовиш, тие го признале делото, по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа во 19.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје ја лишиле од слобода М.Ѓ.(29) од главниот град на државава, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 22 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(19) од главниот град на државава, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 10 часот на улицата „Петар Алчев“, полициски службеници од СВР - Велес го лишиле од слобода С.С.(42) од овој град, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 12.30 часот на улицата „Васил Ѓоргов“, полициски службеници од СВР - Велес го лишиле од слобода А.Д.(40) од овој град, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

За настанот бил известен јавен и по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 23 часот на улицата „Димо Гавровски Кара“, полициски службеници од СВР - Тетово ја лишиле од слобода Ф.Ј.(21) од тетовско Дебарце, која била барана по централна потерница врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна.

Таа била спроведена во Казнено - поправната установа „Затвор - Идризово“ за издржување на казната.

Секторот за внатрешни работи - Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје, изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се девет мерки за некористење сигурносен појас, девет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

Синоќа околу 21.30 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на булевар „Србија“, Х.Б.(20) од главниот град на државава, управувајќи патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб од улично осветлување.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР - Скопје.

Вчера во 9.18 часот во СВР - Битола било пријавено дека на крстосница од улиците „Добривоје Радосављевиќ“ и „Рузвелтова“, мотоцикл со битолски регистарсски ознаки, управуван од малолетник од овој град, удрил во пешакот Б.Б.(81) од Битола.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница - Битола. Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР - Битола.

Синоќа во 21.30 часот во Полициската станица - Струмица било пријавено дека на локален пат од брана „Иловица“ кон село Иловица, струмичко, трактор без регистарски ознаки, управуван од малолетничка, удрил во пешакот Н.К.(26) од селото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар - Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица - Струмица.

Вчера во 11.45 часот во Полициската станица - Кичево било пријавено дека на крстосницата од магистралниот пат Охрид - Кичево со кичевската улица „Марксова“, патничко возило „хјундаи“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Б.Џ.(80) од село Црвивци, кичевско, удрило во велосипед управуван од С.Д.(77) од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар - Кичево. По овластување на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Кичево.

Вчера во 18 часот во Полициската станица - Карпош, В.С.(31) од Скопје пријавила дека на улицата „Атинска“ во градот била касната од куче скитник.

Вчера во 13.40 часот во Полициската станица - Гази Баба, З.А.(28) од село Синѓелиќ, скопско, пријавил дека во близина на автобуска постојка, на подрачјето на селото, бил каснат од куче скитник.

Синоќа во 23 часот во Полициската станица - Аеродром, Р.П.(45) од село Долно Лисиче пријавил дека на улицата „10“ во селото, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан