• среда, 25 декември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 27 август 2023 (МИА) - Полициски службеници вчера во 22.05 часот во Скопје, на подрачје на Центар, го  лишија од слобода Ф.З.(26) затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници вчера во 22.15 часот во Скопје, на подрачје на Центар, го лишија од слобода С.Т.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

М.К.(54) од Скопје вчера во 13.50 часот во Полициска станица Аеродром пријавила дека на ул. „69“ во Скопје била касната од куче скитник.

Полициски службеници вчера во 00.45 часот на подрачје на општина Центар го лишија од слобода А.Ѓ.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници вчера во 21.50 часот на подрачје на Драчево го лишија од слобода Л.Т.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Завчера во 11.20 часот е пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Пролет“ и ул.„706“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Х.(50) од Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(28) од Скопје и патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Т.(18) и совозач-инструктор Н.Ѓ.(39) двете од Скопје. Ф.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 13.30 часот било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Банско и Моноспитово патничко моторно возило „опел астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(24) од Кочани излетало од патот. По несреќата возачот и неговите сопатници С.Б.(19) и 17 годишник, двајцата од Кочани биле пренесени во Медицински центар Струмица каде од лекар на С.Б. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на возачот и малолетникот им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Во текот на изминатата вечер во периодот од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 18 возачи. Во Битола е санкциониран и возач од Прилеп кај кого се измерени 5,01 промили алкохол. За време на контролата биле санкционирани и 35 други видови прекршоци.

На регионалниот пат Р-1309, во село Древено, пробиштипско Ј.Ѓ. (44) од Пробиштип управувајќи моторцикл „априлиа“ со пробиштипски регистарски ознаки вчера во 17 часот паднал на коловозот. Ј.Ѓ. бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Пробиштип.

Полициски службеници вчера во 20:30 часот во Скопје на ул.„Кеј Димитар Влахов“ го лишиле од слобода Н.Р.(47) од Косово затоа што бил баран по централна потерница од ОКР-Центар и Бит Пазар, а во врска со постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ казниво по чл.236 од Кривичниот законик. Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.

На регионалниот пат Куманово-Арачиново во атар на село Орланци, во близина на депонија вчера околу 14.00 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(27) од село Никуштак, општина Липково, и патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.Џ.(63) од Куманово. По несреќата сопатничката во возилото „шкода“ Н.Е.(65) од Арачиново била пренесена во Општа болница Куманово каде од лекар и биле констатирани тешки телесни повреди, додека двајцата возачи и сопатничките во возилото „опел“  Н.Ш.(69) од Р. Србија и Х.Ш.(37) од Р. Косово биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Куманово.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 239 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 113 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за управување под дејство на алкохол, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се две мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, две санкции за користење на мобилен телефон при возење, девет мерки за некористење на сигурносен појас...

На магистралниот пат А-2 во село Псача, општина Ранковце, вчера околу 6.00 часот патничко моторно возило „фиат панда“ со кривопаланечки регистерски ознаки, управувано од С.Т.(70) од село Опила, општина Ранковце, излетало надвор од коловозот. По несреќата возачот С.Т. e пренесен во Здравствен дом -Крива Паланка каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан