МВР Билтен
- На 03.03.2025 во 20.30 часот на улица „Иво Лола Рибар" во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка го привеле Б.Н.(42) од с.Чегране.

Скопје, 4 март 2025 (МИА) - На 03.03.2025 во 20.30 часот на улица „Иво Лола Рибар" во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка го привеле Б.Н.(42) од с.Чегране. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.В.(48) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 3 и став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот Г.В., како директор на општинско основно училиште во Делчево, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во периодот од 01.09.2021 до 19.10.2021 постапил спротивно на член 77 и член 49 од Законот за јавни набавки. Имено, без донесена одлука и без спроведена поедноставена отворена постапка, во која секој заинтересиран економски оператор може да поднесе понуда врз основа на оглас за јавна набавка, без да склучи договор за јавна набавка за превоз на ученици во периодот, повикувајќи се на претходен договор со истечен рок на важност, Г.В. усно договорил превоз на ученици од училиштето со правно лице од Делчево и на тој начин овозможил правното лице да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 193.000 денари. Исто така, пријавениот за сите релации платил на правното лице и покрај тоа што знаел дека за дел од релациите превозот го вршел подизведувачот, кој поднел тужба и со пресуда на Апелационен суд Штип од училиштето му биле исплатени 200.074 денари.
На 03.03.2025 во 09.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(19) од с.Петровец, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.03.2025 во 19.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.И.(27) и Д.У.(28), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.03.2025 во 14.15 часот во Скопје, на подрачјето општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.03.2025 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.П.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.03.2025 во 14.45 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ш.(34) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.03.2025 во 21.40 часот на ул.„Ѓорче Петров” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.В.(32) и К.С.(30), двете од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 03.03.2025 во 22.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.М.(41) од Штип. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.03.2025 во 11.00 часот на ул.„Леце Котески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.И.(31) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени предмети со остатоци од прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 03.03.2025 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.П.(18) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 03.03.2025 во 19.10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Џ.Ц.(42) од Косово, постапувајќи по претходна пријава од вработен во Национален парк „Шар планина“ дека на место во атар на с.Јажинце вршел бесправна сеча на дрва. Тој бил затекнат при извршување на делото и по наредба на јавен обвинител бил спроведен и задржан во СВР Тетово за понатамошна постапка. Додека, исечените дрва, моторната пила, секира и три коњи биле одземени. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.03.2025 во 14.18 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат во близина на комплексот „Негорски бањи“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(41) од с.Собри, валандовско и мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(48) од с.Негорци, гевгелиско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и на пат кон болница, починал во возило на Итната медицинска помош. Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 03.03.2025 во 15.35 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Г.(80) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 03.03.2025 во 17.10 часот во Полициската станица Аеродром, А.С.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„Бојмија“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 03.03.2025 во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Т.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Среќко Пужалка“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 03.03.2025 во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Г.Т.(52) од с.Мралино, скопско, пријавил дека во Камник во Скопје бил каснат од куче скитник. дма/
Фото: МИА архива