• петок, 27 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 8 декември 2023 (МИА) - На 07/08.12.2023 во Спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 9 лица: И.К.(41) од Скопје, Н.Ј.(29) од Пробиштип, П.В.(26) од Битола, С.Г.(31) од Скопје, Н.К. од Косово, Г.Г.Р.(31) од Мексико, Д.М.(23) од Скопје, Ф.П.(30) од Скопје и Н.И.(22) од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 07.12.2023 во 20.00 часот на подрачјето на Аеродром, во близина на основно училиште, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Н.Н.(28) од Скопје, поради тоа што околу 17.30 часот во аптека, со закана од вработената одзел пари. Со него е извршен службен разговор во полициска станица и кај него биле пронајдени одземените пари кои потекнуваат од кривичното дело и ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 07.12.2023 во 19.45 часот во близина на клучката за с.Камењане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Р.(23) од с.Жеровјане, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денеска (08.12.2023) во 04.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Ноќва (08.12.2023) од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица била извршена контрола во угостителски објекти на подрачјето на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство на малолетни лица по 24.00 часот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.12.2023 во 19.45 часот во с.Ѓурѓевиште, гостиварско, од полициски службеници од ОВР Гостивар бил приведен Н.Ќ.(33) од истото село за издржување на затворска казна во КПУ Затвор Тетово, по што набрзо бил спроведен во установата.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 254 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 20 мерки за некористење на сигурносен појас...

На 07.12.2023 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена зајакната контрола над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 44 прекршувања на брзината, од кои 23 на подрачје на Струмица, 9 на подрачје на Радовиш, 8 на подрачје на Валандово и 4 на подрачје на Гевгелија. Во акцијата биле констатирани и 9 останати прекршоци. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

Во текот на вчерашниот ден (07.12.2023) во периодот од 16.00 до 20.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Сопиште во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 38 возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 07.12.2023 во 16.20 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Србија“, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Л.(28) од Скопје удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки тeлесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 07.12.2023 во 10.01 часот било пријавено дека на магистралниот пат кај с.Уларци-Чешиново, патничко возило „сузуки“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Р.И.(21) од Кочани, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.И.(21) од Кочани, констатирани во медицинска установа. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

На 07.12.2023 во 15.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на  автопатот ,,Пријателство", во правец од Скопје кон Велес, на околу 1400 метри после исклучок за езеро „Младост“, било пронајдено патничко возило „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки, кое излетало надвор од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот Д.П.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош - Велес, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

На 07.12.2023 во 11.45 часот во Полициската станица Карпош, З.С.(32) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 07.12.2023 во 20.20 часот во Полициската станица Драчево, И.К.(79) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник. дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан