• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 6 јануари 2023 (МИА) - Денеска (06.01.2023) во 09.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.Ц.(61) од Велес. При преглед кај него на Градскиот пазар во Велес и при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени вкупно 842 парчиња пиротехнички средства. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Денеска (06.01.2023) во 05.40 часот во с.Ново Село, струмичко, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село ги лишиле од слобода С.Џ.(26) од Струмица и С.Ш.(25) од Кочани. Тие се сомничат дека околу 02.50 часот од круг на правно лице од с.Ново Село одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 05.01.2023 во кругот на Педагошки факултет во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека извршил тешка кражба во правно лице, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а малолетникот бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.     

На 06.01.2023 во 01.50 часот на ул.„7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода А.Т.(27), П.И.(33) и Д.М.(30), сите од Кавадарци, затоа што А.Т. физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а П.И. и Д.М. агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

На 05.01.2023 во 12.20 часот на улица ,,Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово-ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ш.Е.(59) од гостиварска Горна Бањица, затоа што околу 09.50 часот спречувал службено лице од Државниот пазарен инспекторат при вршење на службено дејствие во правен субјект на наведената адреса. Лицето било задржано во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот, против него ќе следи соодветен поднесок. 

Денеска (06.01.2023) во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Ф.К.(40) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал кон лица од обезбедување во казино на Плоштад „Нова Југославија“ во Куманово. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Денеска (06.01.2023) во 01.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Дебар ги привеле З.Е.(28), А.Ш.(34) и К.М.(38), сите од Република Албанија, затоа што агресивно се однесувале кон Е.С. од Дебар, сопственик на угостителски објект. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

На 05.01.2023 во 21.00 часот во с.Сенокос, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.М.(55) од Скопје, затоа што физички ја нападнал неговата 34-годишна невенчана сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 
 
На 06.01.2023 во 02.55 часот во СВР Битола, А.Р.(21) и С.К.(22) – женско лице, двајцата од Битола, пријавиле дека околу 01.45 часот на ул.„Пецо Божиновски“ биле физички нападнати од Е.М. од Битола. Се работи на расчистување на случајот. 

На 05.01.2023 во 11.10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода К.Д.(46) од Велес, затоа што физички ја нападнала нејзината 23-годишна снаа. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Денеска (06.01.2023) во 02.05 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле Љ.Р.(31) од с.Раклиш, затоа што во спортска обложувалница на ул.„22 Октомври“ во Радовиш физички го нападнал А.С.(23) од с.Ораовица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 06.01.2023 во 01.10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.Т.(36) од Прилеп, затоа што претходно во семејниот дом се однесувал агресивно кон членовите на семејството. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 05.01.2023 во 17.50 часот во СВР Скопје, Д.М.(24) од Скопје пријавил дека во 17.30 часот на работно место во продажен објект бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот. 

На 05.01.2023 во 15.20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Љ.С.(55) од Велес, затоа што физички го нападнал неговиот 26-годишен син. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (06.01.2023) во 10.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека над манастирот „Св.Еремија“ во нас.Пинтија – Скопје билa пронајденa починатa З.Л.(68) од Скопје, за која на 31.12.2022 било пријавено дека се оддалечила од домот. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција. 

На 05.01.2023 во 18.45 часот во Полициската станица Битола, Г.П. (25) од Битола пријавил дека во круг на бензиска пумпа на ул.„Довлеџик“ бил каснат од куче скитник.

На 05.01.2023 во 20.10 часот во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода Г.Ц.(42) од неготинско село, затоа што физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.01.2023 во 18.40 часот во Полициската станица Радовиш, Ј,М,(50) од с. Прналија пријавила дека околу 13.00 часот на магистралниот пат А4 во Радовиш била физички нападната од С.А. од с.Супурге. Се работи на расчистување на случајот. 

На 05.01.2023 во 14.50 часот на ул.„Боца Иванова“ – во кругот на гробиштата „Бутел“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(35) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 05.01.2023 часот во 20.20 часот во Полициската станица Прилеп, З.А.(39) од Прилеп пријавила дека на ул.„Трајко Тарцан“ била касната од куче скитник. 

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.И.(24) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 22.05.2022 во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле преглед на патничко возило „бмв“ и на лицата кои се превезувале, при што кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана, дробилка и ризли. 

На 05.01.2023 во 21.11 часот во Полициската станица Центар, Б.Б.(31) од Скопје пријавил дека две лица кои биле со мотоцикл фрлиле направа во неговата авто перална на бул.„Гоце Делчев“, која предизвикала експлозија од која настанале оштетувања на помошен објект – барака. Повредени лица нема. За настанот бил известен Јавен обвинител и увид на местото извршила екипа од ЕВР Центар и Бит Пазар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 05.01.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Кичево, Ј.Д.(48) од с.Јагол Доленци, кичевско, пријавил дека во атар на селото бил каснат од куче скитник. 

На 04.01.2023 во 22.30 часот во СВР Куманово, Г.С. од с.Горно Којнаре, кумановско, пријавил дека неговата сопруга С.М.(34) се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за непрописно престројување на возила...

На 05.01.2023 во 03.00 часот во Полициската станица Кочани, 31-годишна жена од Кочани пријавила дека на 04.01.2023 околу 18.00 часот во Кочани, две лица со употреба на сила ја внеле нејзината малолетна ќерка во патничко возило со штипски регистарски ознаки, од каде по некое време таа успеала да побегне и се вратила дома. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.А.(32) од село Корешница, демиркаписко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 05.05.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и амфетамин. миа/миа/

Остани поврзан