• вторник, 07 јануари 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 6 јануари 2025 (МИА) - Синоќа околу 19:30 часот на автопатот Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода А.И.(20) од с.Огњанци, скопско и малолетник од с.Палатица, општина Желино, затоа што во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки превезувале три лица мигранти, од кои две од Кина и едно од Индија. Претходно,  полициските службеници со употреба на дрон ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото, а по преземени мерки возилото било запрено, а лицата биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.  

Вчера во 15:00 часот во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Т.М.(41) од с.Брвеница, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од една година и пет месеци за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство по член 144 став 2 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.А.(38) и М.М.(20), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 и „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик. По преземени мерки и активности било констатирано дека на 16.12.2024 околу 05.00 часот на ул.„Сремски фронт“ во Штип, пријавените со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на З.К.К. од Штип. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека во периодот од 28.12.2024 до 31.12.2024, пријавените во повеќе наврати преку смс пораки упатиле закани кон М.А.А. од Штип со намера да му изнудат пари. Двајцата биле лишени од слобода и биле изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Штип, кој им определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Денеска во 02:00 часот на ул.„Кичевска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.К.(42) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 23:30 часот во  Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле И.Д.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 23:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 20:50 часот синоќа во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 20:10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(23) од с.Мралино, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 20:00 часот синоќа во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ч.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 16:20 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.В.(32) од Прилеп затоа што при преглед во неговото патничко моторно возило „бмв" со прилепски регистарски ознаки била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.

Во 16:00 часот вчера во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(20) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци  од марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 18:30 часот на улица ,,Никола Тесла“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Д.С.(69) Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Во 12:15 часот вчера во Полициската станица Кисела Вода, Г.С.(50) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во 16:15 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.В.(73) од Скопје пријавил дека на ул.„Ташко Караџа“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Во 13:30 часот вчера во Полициската станица Карпош, А.А. од Скопје пријавил дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје бил каснат од куче скитник.фф/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан