• петок, 08 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 28 август 2024 (МИА) - Денеска (28.08.2024) во 02 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.З.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, соопштија од МВР, ќе следува соодветен поднесок.

На 27.08.2024 во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него билe пронајдени и одземени марихуана и таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
       
На 27.08.2024 во 22.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.08.2024 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Г.Г.(34) од Берово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.08.2024 во 22.30 часот во Скопје, на место викано „Три Круши“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.08.2024 во 15.35 часот  во СВР Тетово, било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „ман“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(44) од с.Ларце, тетовско, мотоцикл управуван од Р.И.(64) од Тетово и патничко возило „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од Н.М.(57) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

На 27.08.2024 околу 19.50 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на регионалниот пат  с.Лешок кон с.Жилче, мотоцикл управуван од К.П.(38) од Скопје излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

На 27.08.2024 во 18.10 часот полициски службеници од Полициска станица од Гостивар, постапувајќи по судска наредба, го лишиле од слобода А.А. (42) од с. Равен, за кого била распишана централна потерница со која бил баран за издржување на казна затвор. Лицето е спроведено во Затвор Тетово.

На 27.08.2024 во 21.30 часот во населба Баир во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода  Џ.Ц.(32) и О.Ј.(27), двајцата од Битола. При преглед кај Џ.Ц. била пронајдена бела грутчеста материја. Лицата се приведени во полициска станица Битола, а по документирање на настанот ќе следува соодветна кривична пријава.
       
На 27.08.2024 во 09.10 часот во Полициската станица Центар М.Р.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Партениј Зографски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.  

На 27.08.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба Б.К.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„ Благоја Стефковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.  

На 27.08.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Чаир Г.С.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Бутелска“ во Скопје бил каснат од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан