• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Утрово во 2.15 часот пред угостителски објект, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи - Карпош при СВР - Скопје го лишиле од слобода 18-годишниот скопјанец Х.Т., поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 23.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР - Скопје го лишиле од слобода Д.Г., 24-годишен скопјанец, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 19.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода А.Б., на возраст од 28 години од Тетово, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 19.45 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода Д.П., 34-годишен скопјанец, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 21.45 часот, на паркинг простор во близина на плажа во Охрид, приведени се М.М.(25) од Струга и Г.Ј.(30) од Прилеп.

При извршен преглед, полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при СВР - Охрид, кај нив, пронајдоа и одзедоа марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На улицата „15 корпус“ во градот, вчера приведен е Е.Р., на возраст од 21 година од Струга.

При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР - Струга, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 00.50 часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, приведен е А.М., на возраст од 20 години од овој град.

При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР - Струга, кај него пронајдоа и одзедоа четири паковки со марихуана. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа во 23.50 часот, во ОВР - Дебар приведени се 19-годишните Х.Б., П.Г. и Л.К., сите од овој град.

При преглед, извршен на улицата „Дебарски конгрес“, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР - Дебар, кај Л.К. пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 13.50 часот во СВР - Скопје, било пријавено дека на автопатот Куманово - Велес, кај клучка Миладиновци, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н., на 19-годишна возраст од село Дорфолија, општина Лозово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.Б., на возраст од 19 години од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле А.Н. и уште една малолетна сопатничка од Свети Николе, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР - Скопје.

Вчера во 5.11 часот било пријавено дека на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Македонска фаланга“ во Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.М., на возраст од 23 години од градот, како и патничко возило „шкода“ со хрватски национални ознаки, управувано од Б.Р., 66-годишно лице, исто така од овој град.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Б.Р. и сопатникот од возилото „бмв“ - П.С., на возраст од 24 години од Битола. Со телесни повреди се здобиле А.М. и уште еден сопатник од возилото „бмв“ - И.Г., на возраст од 24 години од Битола, констатирани во битолската Клиничка болница. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Битола.     

Вчера во 9.10 часот на граничниот премин „Ќафасан“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Г., на возраст од 53 години од Тирана, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка, било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол од Република Грција.

Тој бил предаден на полициски службеници при ОВР - Струга за понатамошна постапка.

Синоќа во 18.55 часот на граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода A.П., 30-годишно лице од Косово, поради тоа што при извршени проверки било констатирано дека евидира во оперативните евиденции по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка - Интерпол.

Тој бил предаден на косовската полиција, бидејќи бил предмет на потрага од нивна страна.

Вчера во шест часот на граничниот премин „Богородица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор - Богородица го лишиле од слобода Н.Г., на возраст од 54 години од Република Србија.

Тоа, затоа што при извршена контрола, констатирано било дека личната карта што ја дал на увид, била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Вчера во 14 часот во полициската станица Аеродром, Д.И.,44-годишен скопјанец пријавил дека на улицата „Тодор Атанасовски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во 16 часот во полициската станица Аеродром, Х.В., 35-годишен скопјанец пријавил дека на улицата „Блажо Орландиќ“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Секторот за внатрешни работи - Битола од 22 часот синоќа, до шест изутринава, спроведе засилена контрола во областа на сообраќајот.

На територија на Ресен изречени се вкупно 12 мерки за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. На подрачје на Битола, санкционирани биле двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан