• петок, 03 јануари 2025
МВР Билтен

Скопје, 1 јануари 2025 (МИА) -  На подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска околу 01.30 часот во Скопје ги лишиле од слобода В.С.(42) од с.Ново Село, скопско и М.А.(24) од нас. Илинден, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблети-екстази. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (01.01.2025) во 04.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.П.(59) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 
 Денеска (01.01.2025) во 07.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Ф.Д.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (01.01.2025) во 00.50 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.З.(27) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (01.01.2025) во 02.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.С.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (01.01.2025) во 03.45 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода В.С.(38) од Виница, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 31.12.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода З.Д.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 31.12.2024 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода П.В.(28) од Германија, затоа што кај него била пронајдена и одземена  марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.12.2024 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода И.И.(49) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена  марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески" во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која товарно моторно возило „исузу" со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(40) од Македонски Брод, удрило во С.С.(54) од Прилеп. С.С. била пренесена во Градска болница Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

На 31.12.2024 во 06.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот, кај наплатна рампа Смоквица, во правец кон Гевгелија, патничко возило „мерцедес“ со грчки национални ознаки, управувано од И.Е.(62) од Р.Грција излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото, констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.  

На 31.12.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(18) од с.Ломница, гостиварско, удрило во паркирано патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, кое било паркирано од Д.Ш.(39) од Гостивар и во пешак М.А.(65) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.С. и сопатничката Д.Ј.(26) од Гостивар, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 31.12.2024 во 20.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода С.Б.(60) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени поголема количина на пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.12.2024 во 15.40 часот во Свети Николе, полициски службеници при ОВР Свети Николе го лишиле од слобода К.Т.(38) од Свети Николе. При претрес на куфер, кој го донел во Казнено поправниот дом Штип, а наменет за осуденикот во установата С.А.(44) од Скопје, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. Од полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје бил извршен службен разговор со осудените лица С.А. и А.Д.(42) од Свети Николе. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2024 во 23.10 часот во с.Липково, кумановско, полициски службеници од Полициско одделение Матејче ги лишиле од слобода А.Б.(18) и Р.Ф.(19), двајцата од с.Сопот, кумановско, затоа што при извршен преглед во патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое А.Б. го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.12.2024 во 13.15 часот во Полициската станица Аеродром, С.И.(59) од Скопје пријавил дека на ул.„Димитар Туриманџовски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 
 На 31.12.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Е.(52) од с.Инџиково, скопско, пријавила дека на ул.„Маџари“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 31.12.2024 во 11.00 часот во Полициска станица Кочани, В.З. пријавил  дека  во Градскиот трговски центар во Кочани, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 31.12.2024  во 15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во кругот на  Казнено поправната установа Затвор Прилеп била пронајдена прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 31.12.2024 во 19 часот полициски службеници од СВР Битола на ул.„Девеани" во Битола, пред влез на Казнено поправната установа Затвор Битола, го лишиле од слобода А.М.(44) од Битола, кај кого при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

На  31.12.2024  во 15 часот полициски службеници од СВР Битола на ул.„Филип Втори Македонски" во Битола го лишиле од слобода Н.Р.(56) од Битола, кај кого, на тезга во градскиот пазар биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

фото:МИА архива 

 

Остани поврзан