• вторник, 26 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) - На 25.11.2024 во 10.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.А.(48) од Кочани поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“  по член 380 од Кривичниот законик.

Имено, при контрола на патничкото возило „фолксваген пасат“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека ВИН бројот во сообраќајната дозвола не се совпаѓал со ВИН бројот на возилото. Заедно со возилото, тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.11.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското езеро кај охридското село Пештани, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ги лишиле од слобода М.П.(43) и А.Б.(42), двајцата од охридското село Трпејца.

Тие се сомничат дека сториле кривично дело „незаконит риболов“, а при преглед во нивниот чамец пронајдени и одземени се три рибарски мрежи во должина од по 50 метри. По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.М.(57) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „симнување или оштетување на службен печат или знак“.

Тој, во текот на 2024 година на катастарска парцела во охридското село Велестово, бесправно и спротивно на Законот за градба, неовластено изградил темели за станбен објект што било констатирано од овластен градежен инспектор при увид и контрола извршена на 01.10.2024 година. Притоа, било донесено решение за отстранување на градбата и била поставена службена табла и лента за затворање на градилиштето. При повторна контрола, овластениот градежен инспектор констатирал дека пријавениот бесправно ја отстранил лентата и таблата и бесправната градба била продолжена.

На 24.11.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички нападнат од А.К., возач во Итна медицинска помош Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (25.11.2024) во 03.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил опожарен стан – деловен простор на Адвокатската комора на РСМ.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, Одделот за форензички испитувања при МВР и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.11.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје, М.А.(25) од Скопје пријавил дека околу 17.25 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.11.2024 во 22.45 часот во СВР Скопје, Т.А.(56) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Г.А..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.11.2024 околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.30 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Р.(33) од с.Марино, скопско и А.Д.(30) од с.Зелениково, скопско.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.11.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје, А.С.(41) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на подрачјето на Чаир, едно лице со употреба на сила од неговата 17-годишна ќерка одзело личен накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(35) од Валандово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 24.04.2024 на локален пат Кичево - с.Бигор Доленци, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „опел вектра“ со бугарски национални ознаки, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.З.(36) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ во врска со семејно насилство и „загрозување на сигурноста“.

На 20.11.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.И.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 31.10.2024 во просториите на детска градинка во Прилеп, пријавената, вработена во градинката, по кратка расправија, упатувала закани кон друга вработена.

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против А.А.(20) од Авганистан, и А.К.(23) од Пакистан, двајцата со престој во Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 22.11.2024, пријавените во својство на водичи, од територијата на Република Грција прифатиле две групи од вкупно 11 лица мигранти и илегално и пеш ги префрлиле во с.Богородица, гевгелиско. Од судија на претходна постапка, на пријавените им била изречена мерка притвар во траење од 30 дена.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.П.(37) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

На 21.11.2024 на регионален пат во правец кон Неготино, пријавениот бил затекнат како со возило „ауди А6“, негова сопственост, прифатил 10 мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. Од судија на претходна постапка, одредена е мерка притвор во траење од 30 дена.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.И.(20) од Република Украина, со живеалиште во Република Бугарија.

На 20.11.2024, пријавениот со патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, при излез од државата на Граничниот премин Деве Баир, приложил фалсификувана украинска возачка дозвола.

Одделението за прекуграничен криминал, миграции странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи Север, поднесе кривична пријава против Е.K.(34), С.К.(29) и Х.С., сите од Рпублика Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „фалсификување исправа“.

На 13.11.2024 на излез од државата на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, пријавените на пасошка контрола приложиле турски патни исправи и фалсификувани словенечки дозволи за престој. сст/

Остани поврзан