• понеделник, 02 септември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 22 април 2023  (МИА) - На 22.04.2023 во 00:05 часот на ул.„Антон Попов“ полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Е.М.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во стан. Тој бил затекнат на местото на настанот од полициските службеници, кои веднаш го лишиле од слобода. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 21.04.2023 околу 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Катланово имало паднато машко лице А.А.(68) во шахта. Според пријавеното, додека се движел пешки А.А. паднал во необележана ископана шахта за одвод, по што починал. Од лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.04.2023 во 07:11 часот во СВР-Штип од КПД Затвор-Штип било пријавено дека во една од собите бил пронајден починат осуденикот Д.М.(68) од с.Спанчево на кого претходно му се слошило и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, по што повторно бил вратен во КПД Затвор Штип, каде по кратко време починал. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Денеска (22.04.2023) во 04:00 часот Ф.И.(38) од Прилеп пријавил дека околу 00:40 часот пред угостителски објект во Прилеп бил нападнат со остар предмет од страна на М.С.(25) од Прилеп. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.04.2023 во 10:.15 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“1737“ настанал пожар во две помошни простории, сопственост на Б.В.(59) од Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 21.04.2023 во 13:19 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„Андон Слабејко“ настанал пожар во објект (поранешна фабрика за чевли). Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп.

 На 21.04.2023 во 14.40 часот Р.Ј.(57) од с.Бељаковце-кумановско пријавил дека околу 13:00 часот додека бил на своето работно место во фирма во место викано „Пашина Воденица“ во Крива Паланка бил физички нападнат од С.Ј. од Куманово, исто така вработен во фирмата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 21.04.2023 во 22:30 часот И.А.(52) од Радовиш пријавил дека околу 17:00 часот во Радовиш бил физички нападнат од А.С, Е.Б. и уште неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 22.04.2023 во 02.05 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје со повреди здобиени од физички напад. Според пријавеното, околу 00:30 часот на подрачјето на Центар малолетникот и уште еден негов другар биле физички нападнати од неколку малолетници. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 22.04.2023 во 01:50 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода бил лишен од слобода Ш.У.(34) од Скопје поради тоа што околу 01:00 часот во домот со стаклен предмет физички го нападнал неговиот 28-годишен брат и му се заканувал со остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

 На 22.04.2023 во 01.12 часот С.В.(21) од Скопје пријавил дека околу 01:05 часот на подрачјето на Аеродром во угостителски објект, додека бил на своето работно место, бил физички нападнат од неговиот колега Д.В.(33) од Скопје кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 На 21.04.2023 во 19:30 часот во Полициската станица Кавадарци од Општата болница Кавадарци било пријавено дека кај нив бил донесен со повреда од огнено оружје З.Р.(26) од с.Крани-ресенско, кој, според пријавеното, додека бил во с.Сирково-кавадаречко околу 18.00 часот чистејќи ја ловната пушка, која ја поседувал со дозвола, се повредил во пределот на ногата. Извршен бил увид од полициски службеници од Полициската станица Кавадарци.

На 21.04.2023 во 19:00 часот полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода А.М.(53) од с.Дебреште поради тоа што околу 18.40 часот во с.Дебреште физички нападнал полициски службеници при извршување службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

На 21.04.2023 во 22:04 часот било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во спортска обложувалница едно лице со закана од вработената одзело пари. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 21.04.2023 во 08:00 часот во Битола на ул.“8-ми Септември“ полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Р.(20) и А.И.(20) двајцата од Битола кои биле со патничко моторно возило “бмв х5“ со битолски регистарски ознаки,  поради добиена пријава околу 07.00 часот дека А.И. пукал на ул.“Цане Василев“. При преглед во возилото биле пронајдени и одземени пиштол и девет куршуми. Нема повредени лица, а на местото на настанот биле пронајдени и подигнати две чаури. Известен бил Јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денеска (22.04.2023) полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Г.П. (40) од Струмица поради основано сомнение за сторно кривично дело тешка кражба од маркет во Струмица. При претрес во домот на Г.П. пронајдени се 663 кутии цигари, украдени од маркетот. Г.П: е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.04.2023 во 21:20 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Владимир Полежиноски“ имало опожарен пластичен контењер. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.

На 21.04.2023 во 11:45 часот Ј.К.(58) од Скопје пријавил дека околу 09:45 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Б.В.(59) од Скопје и уште едно женско лице. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 21.04.2023 во 10:25 часот на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил приведен В.С.(23) од Скопје поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 На 21.04.2023 во 11.00 часот Б.Р.(42) од Скопје пријавил дека околу 10:50  часот на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од Ѓ.Д.(66) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 На 21.04.2023 околу 22 часот полициски службеници го привеле П.И.(29) од с. Велешта, кој се барал поради бегство од КПУ Затвор Струга. Малку пред тоа, П.И. на паркинг простор пред угостителски објект во Струга физички го нападнал М.Ј.(23) од с.Лабуништа-струшко. 

На 21.04.2023 во 01:35 часот Б.Т.(57) од с.Катланово пријавил дека во с.Катланово во близина на неговата семејна куќа настанал пожар при што му биле опожарени и целосно изгорени околу 250 бали детелина и околу 200 бали слама. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

На 21.04.2023 во 18:50 часот 33-годишна кумановка пријавила дека околу 14:00 часот во Куманово во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Т.(40) од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.04.2023 во 19.10 часот С.А.(39) од Гостивар пријавил дека околу 17:30 часот во Гостивар бил физички нападнат од Ф.А.(48) и Ј.А.(27), со кои е во роднинска врска. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. дма/

 

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан