• четврток, 19 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 14 април 2024 (МИА) - Денеска (14.04.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирања во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.К.(19), А.М.(19), Б.М.(18) од една страна и А.П.(33) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (14.04.2024) во 03.30 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријавила дека на 13.04.2024 околу 21.00 часот на подрачјето на Гази Баба таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг А.Т., кој се заканувал и со остар предмет. Се работи на расчистување на случајот.

На 13.04.2024  во  18.14  часот во Полициска станица Делчево, било пријавено дека во Итната медицинска помош Делчево била донесена повредена Љ.Т.(34) од Делчево. Според пријавеното, таа со повредите се здобила при извршување на работни задачи во продажен објект. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Делчево, а известен бил и  трудов инспектор. 

На 13.04.2024 во 19.35 час во СВР Скопје, В.М.(71) од Скопје пријавил дека на подрачјето на скопската населба Кучевишка Бара, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од М.М.(21) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.04.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена од Скопје пријавила дека на 12.04.2024 околу 23.00 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.              

На 13.04.2024 во 12.50 часот полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје го пронашле Н.С.(86) од Скопје, кој претходно бил пријавен од негов пријател дека не стигнал на договорена средба во Велес. По преземени мерки и активности, по насоки на јавен обвинител, тој бил пронајден во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром, а поради нарушена здравствена состојба бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Денеска (14.04.2024) во 00.05 часот во СВР Штип, Ф.Г.(18) од Штип пријавил дека на 13.04.2024 околу 23.30 часот во близина на хотел во Штип бил физички нападнат од И.Г. од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.04.2024 во 22.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Миладиновци, скопско, С.М.(48) бил физички нападнат од неговите соседи Ф.М., И.М., А.М., Ф.А. и Н.М., при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.04.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 10.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Р.(66). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.04.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Берово, било пријавено дека во с.Владимирово, беровско, по претходна вербална расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.А.(55) од с.Подареш, радовишко, со престој во с.Владимирово, и З.М.(54) од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (14.04.2024) во 04.40 часот полициски службеници од СВР Скопје – Одделение потраги го лишиле од слобода А.Б.(48) од Шуто Оризари, Скопје, поради сомнение за напад и попречување на полициски службеници при вршење на службени дејства. Тој бил приведен во Полициското одделение Шуто Оризари, каде пред главниот влез набрзо се собрале повеќе лица. Од страна на полициски службеници било излезено на местото и лицата се разотишле.

Денеска (14.04.2024) во 09.31 часот во СВР Штип било пријавено дека на 10.04.2024 во с.Облешево, О.Р. од истото село физички ја нападнал неговата 74-годишна мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан