МВР Билтен (ДПЛ)
- Синоќа во 20:15 часот во СВР Скопје, М.С. (46) од Скопје пријавил дека околу 19:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од едно машко лице.
Скопје, 1 декември 2024 (МИА) - Синоќа во 20:15 часот во СВР Скопје, М.С. (46) од Скопје пријавил дека околу 19:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска во 01:00 часот МС (21) од село Тромеѓа, кумановско, во СВР Куманово пријавил дека во објект на бензиска пумпа на улицата Ѓорче Петров“ во Куманово бил физички нападнат од едно малолетно лице. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 11:40 часот во Кочани, по преземени мерки во врска со претходна пријава од истиот ден полициски службеници го лишиле од слобода О.С.(42) од Штип, поради тоа што околу 05:40 часот во верски објект црква „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани со употреба на физичка сила насилно влегол во службени канцеларии на објектот и одзел предмети и пари. При извршен претрес над него предметите биле одземени и вратени. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Синоќа во 18:40 часот, врз основа на локален распис, СВР Охрид го лиши од слобода е Б.В.(30) од Охрид. Тој се сомничи дека е сторител на кривичните дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“, извршени на 29.11.2024 година во 03:20 часот, при физички напад врз неговата сопруга. Против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Во ПО Теарце Џ.Џ.(55) од Тетово вчера пријавила дека во угостителски објект покрај регионален пат Тетово - село Јажинце во село Лешок, била физички нападната од лицето Р.Н. од с. Непроштено. Според пријавеното Р.Н. при нападот користела и тврд предмет, а потоа била спречена од вработените во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа во 21:18 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека во село Белче, демирхисарско се запалил оџак од куќа сопственост на Д.Л.(50) од истото село. Од страна на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар пожарот бил лолизиран при што била причинета само материјална штета.
Вчера во 15:10 часот во ОВР Крушево било пријавено дека се запалила котларата во хотел во Крушево. Од страна на Теритиријалната против пожарна единица Крушево пожарот е изгаснат при што повредени лица нема, причинета била само материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Крушево.
Денеска во периодот од 00:30-03:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на регионален пат Тетово- село Желино на излез од Тетово, каде биле затекнати вкупно 17 женски лица од кои една наша државјанка, и десет странски државјанки со дозвола за привремен престој за странци. При контрола исто така биле затекнати и шест странски државјанки со нерегулиран престој во државава - Б.В.(44) од Р.Украина, М.А.М(20) од Р.Романија, К.А.(20) од Р.Украина, А.Н.(33) од Р.Украина, К.Н.(30) од Р.Казахстан, М.Л.А.(28) од Р.Франција, и тие се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“. Тој, на катарстарска парцела во Кичево, без одобрение за градење и спротивно на одредбите од Законот за градење, неовластено изградил деловен објект. Нелегалноста на објектот е констатирана од овластен градежен инспектор со записник за извршен вонреден инспекциски надзор. фф/вг/
Фото: МИА Архива