• четврток, 19 декември 2024
МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 5 август 2023 (МИА) -  Вчера во 17:00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода И.С.(41) од Струмица. При преттрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.   

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, вчера по преземени оперативни  мерки, го лишиле од слобода  Д.М.(25) од Прилеп. Тој се сомничи дека на 03.08.2023 на паркинг пред зграда во Прилеп со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „опел астра" со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Р.П.(50) од Прилеп. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.А.(32) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 26.11.2022 во Штип, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што пронашле и одзеле марихуана и семки од растението канабис.              

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.A.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На  19.06.2023 на регионален пат Тетово-с. Пирок, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „сеат“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

На магистрален пат А3, на место викано „Чифличка крстосница“,  вчера во 17:35 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Ш.М.(47) од Радовиш. При сообраќајна контрола, тој на полициските службеници на увид им дал возачка дозвола за која било утврдено дека е фалсификувана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа во 23:40 часот  на улица „Наум Охридски“ во Охрид бил приведен М.Р.(29) од Охрид затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 22:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А.(75) од Тетово затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Утрово во 05:10 часот пред угостителски објект на ул.„Орде Тутески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле А.М.(37) од Прилеп затоа што се однесувал агресивно и го оштетувал инвентарот во угостителскиот објект. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во СВР Битола бил извршен службен разговор С.Д.(46) од Битола, со живеалиште во Австралија, А.А.(42) од Битола и З.Н.(42) од Битола поради сомнение дека го нарушиле јавниот ред и мир. Според пријавеното, околу 22.45 часот на 03.08.2023 на ул.„Климент Охридски“ во Битола, С.Д. и В.Т.(48) од Битола со мотоцикл удриле во мотоцикл кој го управувал малолетниот син на З.Р.(45) од Битола, по што физички го нападнале. Како што е пријавено, околу 03.30 часот на 04.08.2023 пред казино на ул.„4 Ноември“, А.А., З.Н., З.Р. и неговиот малолетен син физички ги нападнале С.Д. и В.Т., при што на С.Д. му одзеле накит, а В.Т. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.   

Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Р.П.(25) од гевгелиско село поради постоење основи на сомнение дека на 04.08.2023 извршил обљуба врз малолетник. Тој бил лишен од слобода и со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со делото. Р.П. бил задржан во полициска станица и по консултации со јавен обвинител поднесена му е пријавата, а од страна на судија на претходна постапка определена му е мерка притвор.

Вчера во 16:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Питу Гули“ и ул.„Капиштец“ во Скопје, А.М.(34) од Скопје, управувајќи мопед изгубила контрола и паднала на коловозот. Според пријавеното, патничко возило „бмв“ и го попречило патот и заминало, по што таа паднала. А.М.била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 15:00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека во установата се вратила нивната штитеничка  И.П.(17) од Скопје за која на 03.08.2023 беше пријавено дека се оддалечила од установата.

Ноќеска во 01:10 часот во Полициската станица Гостивар, Б.Б.(45) од.с.Лакавица, гостиварско, пријавил дека на 04.08.2023 околу 22.00 часот во угостителски објект на на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар неговиот малолетен син бил физички нападнат од сопственикот на објектот. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 18:00 часот во СВР Велес, С.К.(39) од Велес пријавил дека околу 17.40 часот на ул.„Страшо Пинџур“ бил физички нападнат од Н.З. од Велес. Се работи на расчистување на случајот.

Ноќеска во 01.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека во двонор место на улица „Киро Фетак“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.К.(52) и Б.Р.(44), двајцата од Куманово. По документирање на случајот против двајцата биле изготвени соодветни поднесоци.

Вчера во 23:05 часот во Полициската станица кратово било пријавено дека на ул.„Св.Ѓорѓи Кратовски“ во Кратово бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.М.(34) од Делчево врз Е.Д.(37), А.М.(62) и Д.Д.(39), сите од Кратово. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 20:30 часот во с.Палатица, гостиварско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар ја пронашле М.К.(36) од Данска за која претходно е добиена пријава дека против нејзина волја е задржана во Гостивар. Според пријавеното, тоа било организирано од нејзиното поранешно момче и други лица од Данска. Јавен обвинител извршил службен разговор со неа и се работи на расчистување на случајот.

Ноќеска во 00:52 во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, неколку лица физички го нападнале М.С.(21) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 16:10 часот во СВР Скопје, А.К.(39) од Куманово пријави дека во 13:00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Гази Баба била нападната со тврд предмет од нејзиниот колега Ѓ.Ќ. од Велес. По документирање на случајот била поднесен соодветен поднесок. 

Вчера околу 17:20 часот во Полициското одделение Новаци било пријавено дека во село Градешница, мариовско, настанал пожар во стара напуштена куќа. Екипа на територијалната противпожарна единица и месното население го изгаснале пожарот, а повредени лица нема. 

Вчера во 22.10 часот во Полициската станица Битола, Т.К.(40) од Битола пријавил дека во неговиот двор на ул.„Апостол Здравевски“ во Битола бил каснат од куче сопственост на неговиот сосед Н.К.. од Битола. дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан