• петок, 27 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 0:30 часот во село Мирковци, скопско, го привеле К.Ј.(19), по претходна пријава за нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и Ј.Ј.(68), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Д.Г.(19) од Скопје вчера во 18:30 часот во СВР Скопје пријавил дека завчера околу 1:00 часот во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје вчера во 11:00 часот било пријавено дека во Чичино село, скопско, по претходни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Х.М.(46) од една страна и Л.А.(50) и Џ.Р.(55) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Б.(24) и Ј.Б.(35), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 15:45 часот на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Т.А.(26) од Скопје, поради тоа што околу 15:00 часот по претходна расправија со остар предмет му нанел повреда на Е.А.(28) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

С.З.(35) од Скопје вчера во 11:50 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 10:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, во автобус, едно лице со употреба на физичка сила и го одзело златниот синџир што го носела на себе. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од ОВР Ресен вчера во село Перово,ресенско, поради  сторено кривично дело по чл.144 ст. 3 од КЗ ,,загрозување на сигурноста“ го лишиле од слобода Т.К.(38) од Перово. Имено, вчера во ОВР Ресен А.К.(41) од Ресен, пријавил дека, додека со неговиот брат се наоѓале во својот дом во Ресен, пред влезната врата од дворот дошол Т.К. и упатувал закани по живот кон пријавителот, неговиот брат и нивното семејство. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од Полициската станица Берово денеска го лишиле од слобода Б.М.(20) од село Двориште, беровско, затоа што околу 2:10 часот тој со возило прегазил еден полициски службеник во пределот на ногата и се дал во бегство, а на друг полициски службеник му упатувал закани. Против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан