• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 16 септември 2023 (МИА) - Денеска (16.09) во 14 часот полициски службеници од СВР Скопје пронајдоа двајца малолетници кои од страна на нивната мајка М.М. денеска околу 04 часот беа пријавени дека се оддалечиле од домот. Двајцата малолетници и претходно неколку пати се оддалечувале од домот и биле враќани од страна на полицијата. Веднаш по добиената пријава, преземени се неопходните мерки и активности и малолетниците се пронајдени и ќе бидат вратени на родителите.     

На 15.09.2023 во 08.10 часот, во ОВР Струга лишена од слобода е Л.П.(45) од Кавадарци. При извршен преглед, полициските службеници кај неа, пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (16.09.2023) во 01.15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.А.(52) од с.Долно Палчиште поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 51-годишна сестра. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 15.09.2023 во 11.20 часот, Н.В.(55) од Кичево во полициска станица пријавил дека, на улицата „Круме Угриноски“ во Кичево, бил каснат од куче скитник. Истиот ден, И.К.(21) и Б.И.(48) од Кичево, пријавиле дека, на улицата „4 јули“ односно на „Цветко Јаковлески“ во Кичево биле каснати од куче скитник.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(27) од кичевското село Гарани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен на улицата „Загорје“ во Кичево, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

Денеска (16.09.2023) во 05.00 часот А.А. пријавил дека на бензинска пумпа во Куманово бил физички нападнат од М.С.(34) од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 15.09.2023 во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Џ.(20), Ф.Д.(37), Б.У.(53), А.И.(24) и Џ.А.(43) сите од Скопје од една страна и неколку други лица од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.09.2023 во 15.20 часот во СВР Скопје С.С.(19) од Р.Турција, а престојува во Скопје, пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.09.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје 38- годишна жена пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари 16-годишник извршил обљуба врз нејзината 14 годишна ќерка, со која биле во љубовна врска. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 15.09.2023 во 18.00 часот во СВР Скопје М.М.(29) од Скопје пријавила дека на 14.09.2023 околу 11.40 часот откако го зела нејзиниот двегодишен син од детска градинка лоцирана на подрачјето на Чаир, забележала црвенило и гребаница во пределот на лицето и телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.09.2023 во 18.50 часот во СВР Скопје М.Е.(65) од Скопје пријавил дека околу 17.30 часот во с.Визбегово-скопско, бил физички нападнат од И.П.(35) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 15.09.2023 во 18.45 часот во СВР Скопје Н.Е.(28) од Скопје пријавил дека околу 17.30 часот во с.Визбегово-скопско бил физички нападнат од Г.Т.(30) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 15.09.2023 во 13.10 часот З.С.(48) од Куманово пријавил дека околу 12.10 часот во Куманово бил физички нападнат со тврд предмет од Ѓ.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.09.2023 во 07.20 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.К.(35) поради тоа што најпрвин со остар предмет му се заканувал на неговиот сосед, а потоа и на полициските службеници кои извршувале службени дејствија, по што ги нападнал со тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

На 15.09.2023 во 13.30 часот Ф.А.(70) од Струмица пријавил дека околу 13.00 часот, во Струмица бил физички нападнат од неговиот сосед С.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (16.09.2023) во 00.10 часот Г.Т.(39) од с.Војславци пријавил дека на 15.09.2023 околу 22.30 часот во Радовиш бил физички нападнат од С.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок..

На 15.09.2023 во 10.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 04.04.2023.до 15.09.2023 во Дом на АРМ непознат сторител оштетил пломба од брава на просторија што ја користи ДИК. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, а од страна на ДИК ќе биде направена комисија за да се утврди дали нешто недостасува..

На 15.09.2023 во 16.40 часот било пријавено дека во Велес по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.А.(34) и Д.Ц.(71), двајцата од Велес. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

На 15.09.2023 во 04.53 часот Д.П.(35) од Демир Капија, пријавил дека околу 04.00 часот во казино во Кавадарци каде извршувал работни задачи како обезбедување, бил физички нападнат од З.Ј.(35) од Кавадарци. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 15.09.2023 во 10.40 часот С.Д.(36) од Кавадарци пријавил дека околу 08.30 часот во Кавадарци бил физички нападнат од М.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.09.2023 во 09.00 часот Б.Ш.(52) од Штип пријавил дека на 14.09.2023 околу 10.30 часот во Штип по претходна расправија бил физички нападнат од неговиот сосед И.Ш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.09.2023 во 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на Граничниот премин Блаце во објект (хотел) во изградба четири лица со оружје му се заканиле на лице вработено во агенција за обезбедување кое го обезбедувало објектот, а потоа предизвикале пожар. Од страна на вработениот пожарот бил изгаснат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 15.09.2023 во 09.40 часот И.А.(33) од Штип пријавил дека околу 07.30 часот во Штип бил физички нападнат од Ѓ.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.09.2023 во 14.07 часот во СВР Штип од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив бил донесен О.К.(24) од Р.Турција со престојувалиште во Штип со повреди здобиени од пад во објект во изградба во Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.09.2023 во 00.05 часот Р.М.(41) од Тетово пријавил дека на 13.09.2023 околу 21.00 часот во Тетово неговиот малолетен внук бил физички нападнат од С.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.09.2023 во  15.30 часот Б.С.(39) од с.Палатица пријавил дека во училиште во истото село неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник со тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денеска (16.09.2023) во 00.40 часот во СВР Скопје М.М.(37) од Скопје, пријавил дека на 15.09.2023 околу 22.30 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 15.09.2023 во 23.30 часот во СВР Скопје С.Б.(34) од Скопје пријавила дека околу 20.00 часот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот малолетен бил физички нападнат од тројца малолетници, а едниот од нив употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 15.09.2023 во 14.30 часот било пријавено дека во с.Младо Нагоричане Ј.Б.(56) од истото село околу 13.30 часот додека управувал патничко моторно возило „сеат кордоба“ по земјен пат, возилото се запалило, а од настанатиот пожар била опожарена нива со стрништа. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица-Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 15.09.2023 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на фабрика на бул.„Борис Трајковски“ настанал пожар. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.  хс/цр

Фото: МИА Архива

Остани поврзан