• четврток, 09 јануари 2025
МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 8 јануари 2025 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење  организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Н.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 3 од Кривичниот законик.

Пријавениот, како поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици, со искористување на својата службена положба и овластување нецелосно ја прикажал фактичката состојба за поседување на соодветна важечка дозвола за воздухопловен техничар со уредно впишано важечко овластување за конкретен тип на воздухоплов со што им овозможил на три лица вработени во МВР на работно место главни воздухопловни техничари  да се стекнат со право на додаток на плата од 20% од денот на нивното засновање на работен однос во МВР.

Иако знаел дека воздухопловните техничари поседуваат важечка дозвола за одржување на воздухоплов издадена од цивилните власти, но немале успешно завршена обука за конкретен тип на воздухоплов според соодветна програма и немале впишано важечко овластување за конкретен тип на воздухоплов, пријавениот овозможил да им биде исплатуван додаток на плата од 20% од моментот на засновање на работниот однос во МВР, спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР. На тој начин тие се стекнале со противправна имотна корист од 926.486 денари и за тој износ бил оштетен буџетот на МВР.

Против Н.А., Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место - суспензија до завршување на дисциплинската постапката.    

Денеска (08.01.2025) во 04.00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и други предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Д.П.(25) од с.Вранештица, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 01.01.2025 околу 14 часот во близина на границата со Грција, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го затекнале пријавениот како пеш спроведува пет лица од Народна Република Кина. Од судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против З.М.(51) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „соизвршителство” и „измама” и против С.К.(76) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање” и „измама”.

Првопријавениот, во периодот од 2018 до крајот на декември 2024 година, со намера да се стекне со сопственост врз недвижен имот со поголема вредност, заедно со вторoпријавениот во својство на купувач, довеле во заблуда лице со одземена деловна способност да им продаде семејна куќа во Гостивар со пазарна вредност од 21.490.000 денари, да ја купат за 5.231.750 денари.

Денеска (08.01.2024) во 00.50 часот во СВР Скопје, А.И.(37) од Скопје пријавил дека на 07.01.2024 околу 23.00 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од М.С.(18) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.01.2025 во 14.50 часот во СВР Скопје, З.Т.(35) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред станбена зграда на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот сосед Ј.Т.(39) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.01.2025 во 15.15 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(39) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред влезната врата од неговиот стан на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од негова сосетка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.01.2025 во 21.20 часот во СВР Скопје, И.Ч.(34) од с.Глуво, Скопско, пријавила дека околу 20.43 часот на подрачјето на Бит-пазар едно лице со употреба на сила ѝ го одзело паричникот со пари и документи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.01.2025 во 17.15 часот во СВР Скопје, О.Ц.(46) од с.Ржаничино, Скопско, пријавил дека околу 16.50 часот во с.Катланово, Скопско, бил физички нападнат од две лица, од кои едното го познавал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.01.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во с.Рашче, Скопско, по претходна расправија, Ф.Д.(37) од Скопје бил физички нападнат од Џ.Д..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.01.2025 во 13.45 часот во СВР Скопје, Ф.Г.(38) од Скопје пријавил дека околу 13.10 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од две лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан