• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Л.(42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 27.02.2024 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел повреди.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(38) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“. На 16.02.2024, пријавениот оштетил дел од инвентарот во хируршкото одделение при Општата болница во Струга и агресивно се однесувал кон еден вработен.

Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Б.(28) од село Студеничани, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на градежни работи на подрачјето на Гази Баба. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.    

Вчера во 11:20 часот во СВР Скопје, И.Т.(49) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба од залутано зрно бил оштетен кров на товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.02.2024 во 23:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 29.02.2024 во 16 часот во СВР Скопје, О.Г.(40) од Скопје пријавила дека околу 15:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 29.02.2024 во 19 часот во СВР Скопје, Т.А.(64) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од З.А.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.02.2024 во 23:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 21 часот на подрачјето на Гази Баба, малолетник од Скопје, штитеник на СОС Детско Село, бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.02.2024 во 23:05 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека околу 12 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ч.В.(63) од Куманово, кој во 22 часот починал. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на градежни работи на подрачјето на Чаир. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

На 29.02.2024 во СВР Скопје, 67-годишен маж од Скопје пријавил дека во неговиот дом на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, физички бил нападнат од неговата снаа М.М. и неговите малолетни внуци, кои употребиле и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска околу 03 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во село Смојмирово, беровско, настанал пожар во куќа сопственост на Д.Т. од село Смојмирово. Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од екипа од ОВР Берово.

На 28.02.2024 во 12:50 часот во СВР Скопје, Д.Д.(67) од Скопје пријавил дека во периодот од 19.02. до 28.02.2024 во место викано „Шталица“ во село Горна Матка, општина Сарај, бил опожарен сандак со пчели и мед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.02.2024 во 12:30 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека во сопствениот дом во с.Крапа бил пронајден починат Б.В.(80). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, увид извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

На 29.02.2024 во 10:30 часот во СВР Скопје, Т.М.(58) од Скопје пријавила дека во својот дом на подрачјето на Чаир го пронашла починат нејзиниот син И.М.(35) од Скопје, кој имал здравстевни проблеми. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.  

На 29.02.2024 во 22:30 часот во Полициската станица Карпош, Н.Д.(42) од Скопје пријавила дека на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче со сопственик.

На 29.02.2024 во 21:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, Б.К.(46) од Скопје пријавил дека на улица .„Франк Харкорт Манинг“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. Исто така, во Полициската станица Кисела Вода и неговиот син Х.К.(20) пријавил дека на истата улица бил каснат од куче скитник.


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Н.Љ.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во Министерство за труд и социјална политика, тој не пријавил дека неговата мајка, која била корисник на права на „семејна инвалиднина“, починала на 22.01.2013, по што во периодот од 01.02.2013 до 06.03.2022 продолжил да ги користи правата. На тој начин тој нанел штета на Буџетот за сума од 2.410.328 денари.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Џ.Б.(50) од село Житоше, И.T (22) од село Сенокос, Б.Н.(34) од Прилеп, В.С.(40) од Прилеп и И.Р.(43) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „тешка кражба“.На 10.10.2023, Б.Н. и В.С. со употреба на сила и погоден алат од една куќа одзеле пари, накит и полуавтоматска ловечка пушка. По ова, И.Т., Б.Н. и В.С. ја продале пушката на лице од село Дебреште, а која подоцна завршила во домот на првопријавениот.свс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан