• четврток, 19 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) -  Во СВР Охрид денеска во 07.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид -Ресен, во близина на кракот кон селото Свиништа, патничко возило „фолксваген пасат", со струшки регистарски ознаки, управувано од А.И.(57) од струшкото село Октиси, излетало од патот. Во несреќата, возачот и сопатникот Б.М.(63) од истото село се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и М.Ј.(65) од Битола, сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „бесправно градење“. Пријавениот постапил спротивно на одобрение за градење издадено од општина Битола, за изградба на подружница на пријавеното правно лице, и изградил угостителски објект – ресторан, со што избегнал плаќање на повисоки надоместоци за уредување на земјиштето.

На 15.09.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од остар предмет бил донесен М.Р.(29) од с.Батинци, скопско. Според пријавеното, на подрачјето на општина Аеродром тој, додека бил во своето возило „фолксфаген“ бил нападнат од едно лице, кое употребило остар и тврд предмет и му нанело повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.09.2024 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир извршиле службен разговор со Н.С.(20) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 00.30 часот на подрачјето на Чаир физички го нападнал својот малолетен брат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 15.09.2024 во 16.28 во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Карпош, настанал пожар во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од Д.Б.(21) од Скопје. Од екипа Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 15.09.2024 во 12.15 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријавила дека, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината сестра А.Б.(47) од Скопје, која употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Р.А.(24), С.А.(41), С.А.(23) и С.А.(46), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 17.07.2024 на ул. „Гостиварска“ во Прилеп, пријавените физички ги нападнале Џ.Д. и нејзинитe  малолетен син и малолетен внук и им нанеле повреди.

На 15.09.2024 во 20.31 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, пред станот во кој живее на подрачјето на општина Аеродром, Н.Г.(25) од Скопје бил нападнат со остар предмет од Н.С. и уште две лица, а едно од лицата му се заканувало со пиштол. Н.Г. бил пренесен во приватна болница за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.09.2024 во 12.30 часот во СВР Штип, С.М.(63) од Штип пријавил дека околу 12.00 часот пред угостителски објект во Штип, додека извршувал работни задачи како вработен во штипско јавно претпријатие, бил физички нападнат од В.Ц.(39) од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 15.09.2024 во 18.10 часот во СВР Скопје, А.П.(33) од Република Турција, фудбалер на ФК Гостивар, пријавил дека околу 16.50 часот на стадион во Скопје, по завршување на натпревар помеѓу фудбалските екипи на ФК Гостивар и ФК Вардар, бил физички нападнат од Р.В. од Скопје, вработен во ФК Вардар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 15.09.2024 во 15.20 часот во СВР Скопје, А.М.(79) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 15.09.2024 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Р. од една страна и О.А. и И.А., од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.09.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир била пронајдена И.Е.(26) од Скопје, за која на 26.08.2024 нејзиниот татко В.Е.(69) пријави дека се оддалечила од својот дом на подрачјето на Гази Баба. 

Денеска (16.09.2024) во 01.30 часот во СВР Штип, Е.М.(37) од Штип пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка Ј.М.(17). Според пријавеното, најверојатно таа се наоѓа во Велес кај лицето Р.В.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

На 15.09.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир била пронајдена Ф.Р.(54) од Скопје, за која на 12.09.2024 нејзината мајка пријави дека се оддалечила од својот дом на подрачјето на Бит Пазар. 

На 15.09.2024 во 22.30 часот, Е.Д.(18) од кичевското село Колари во ОВР Кичево пријавила дека на улица „11 Септември“ во Кичево била касната од куче скитник. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Т.С.(41) и И.А.(21), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 15.08.2024 во дворно место од куќа во Свети Николе, пријавените физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Р.(48) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 11.07.2024 на автопат Велес-Градско, полициски службеници извршиле контрола над пријавениот, кој притоа на увид приложил возачка дозвола која претходно ја пријавил за изгубена, a извадил нова возачка дозвола, која му била одземена поради изречена забрана. дма/

Фото:МИА архива

 

 

 

Остани поврзан