• недела, 22 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 15 март 2023 

На 14.03.2023 година во 20.40 часот од полициски службеници од ОВР Кичево приведен е Ш.Д.(35) од кичевското село Гарани, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера (14.03.2023) во рамки на акциската контрола за возила, спроведена од 06.00 до 10.00 часот, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово запреле патничко возило „фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски ознаки, коешто без потребните документи за вршење јавен превоз, го управувал 58-годишниот тетовец Ф.Б.. По документирање на случајот на Ф.Б. ќе му биде изготвен поднесок.

На 14.03.2023 во 16.00 часот К.И.(69) од Прилеп пријавил дека околу 15.30 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(35) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен во близина на спортскиот центар во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

На 13.03.2023 во 11.00 часот било пријавено дека во с.Добри Дол, скопско по претходно недоразбирање околу сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.М.(37) и Д.Х.(52), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. При контрола извршена на 27.02.2023 во Дебар, полициските службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен такси превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.

На 14.03.2023 во 18.10 часот М.И.(60) од Скопје пријавил дека околу 17.15 часот во с.Долно Лисиче, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од две лица од кое едното употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М. (60) од с.Гнеотино, битолско, поради постоење основано сомнение за сторено кривични дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во текот на 2021 и 2022 година, во својство на претседател на синдикална организација при фирма од Битола, во три наврати извршил плаќања од службената сметка на синдикатот за лични потреби, односно за судски спор кој тој лично го водел со фирма од Скопје.

На 14.03.2023 во 09.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје, бил одземен дел од споменикот на Орце Николов. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Т.(28) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Пријавениот, во периодот од 12.11.2021 до 22.11.2021 во Градскиот парк „Соколана“ во Куманово, набавил марихуана и ја внел во Општинскиот затвор во Крива Паланка, каде издржувал казна затвор, која му била откриена при извршен претрес од полициски службеници.

На 14.03.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од домот се оддалечил нивниот штитеник Р.Н.(16), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.К.(40) од Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 26.12.2022 во Штип,  полициски службеници извршиле преглед кај Н.Т.(28), при што пронашле хероин кој претходно го набавил од пријавениот Б.К..

На 14.03.2023 во 19.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Г.К.(48) од Скопје пријавила дека во населбата Даме Груев била касната од куче скитник.

Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против С.Г.(57) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца’’. На 11.03.2023 на Граничен премин Табановце, при извршена контрола на патничко возило „фолксваген пасат’’, управувано од пријавениот, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без дозвола за меѓународен линиски превоз.

На 14.03.2023 во 12.40 часот А.С.(47) од с.Студеничани пријавил дека на покрив од магацин на фирма во селото, од залутано зрно бил оштетен соларен панел. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Н.Ј.(28) од с.Чифлик, Чешиново – Облешево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 31.01.2022 во домот на пријавениот во с.Чифлик, од полициски службеници при извршен претрес биле пронајдени и одземени кокаин и амфетамин.

На 14.03.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, од јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од домот се оддалечил нивниот штитеник К.П.(15), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Ј. (58) од Битола, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавената, во текот на 2022 и 2023 година, при изградба на куќа, направила отстапки во однос на заверениот Основен проект, изведувајќи објект со поголеми димензии, на штета на Општина Битола.

На 14.03.2023 во 20.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека од аптека во трговски центар на подрачјето на Аеродром едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(48) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.09.2022 во 10.00 часот полициски службеници при извршен претрес во дом и на земјоделски пластеници на место викано ,,Мерата“, атар на с.Банско, кои ги користи пријавениот, пронашле растение канабис.

МВР 

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

ФОТО: МИА Архива

Остани поврзан