• среда, 27 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 3 јуни 2023 (МИА) - На 02.06.2023 од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во соработка и со заедничка меѓународна истрага со Службата за борба против дрога од Солун, Република Грција, Американската служба за борба против дрога - ДЕА и Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа – СЕЛЕК, успешно е реализирана заедничка операција на недозволена трговија со кокаин, при што во Солун се запленети 161 килограми кокаин. Вчерашната акција е продолжение на успешната акција од 08 и 09.05 2023 година кога во Солун беа запленети 105 кг кокаин и беа лишени од слобода 10 лица во Грција, и тоа 7 лица државјани на Република Грција и 3 лица државјани на Република Албанија, додека во Република Северна Македонија беа лишени од слобода 4 лица, наши државјани, кои во моментот се притворени и се наоѓаат во истражниот затвор Скопје. Вчерашната операција е резултат на продолжување на истрагата во двете земји и меѓусебната размена на сите информации поврзани со членовите на меѓународната криминална група, при што било утврдено дека веќе лишените лица нарачале и организирале и втора, нова количина на кокаин од Еквадор. Во соработка со Службата за дрога од Солун беа утврдени контејнерите, по што по нивното пристигнување на пристаништето во Солун тие беа предмет на контрола. На 02.06.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога, заедно со грчките колеги на пристаништето во Солун презедоа заеднички активности за откривање и вадење на кокаин во количина од 100 пакувања, односно во секој контејнер биле пронајдени по 50 пакувања со кокаин, со вкупна тежина од 161 килограм. Притоа, кокаинот бил пронајден во специјално направени бункери во шините од подот на двата контејнера. Одделот за крим-полиција ќе достави известување до ОЈО за ГОКК.

На 02.06.2023 во 23.25 часот во Неготино од полициски службеници од Полициската станица Неготино биле лишени од слобода Р.Ј.(19), М.Ј.(21), А.М.(20) и М.М.(18), сите од с.Криволак. Тие околу 22.10 часот во угостителски објект во Неготино физички ги нападнале С.С., С. Т. и И.А. и оштетиле инвентар од објектот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 02.06.2023 во 11.15 часот од полициски службеници од СВР Тетово бил приведен Г.Г.(31) од с.Чегране, кој се барал со судска наредба за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Тетово.

На 02.06.2023 во 11.40 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во Гостивар го лишиле од слобода В.Ф.(28) од Гостивар, постапувајќи по пријава од 57-годишен гостиварец според која во близина на Железничката станица во Гостивар тој му одзел мотоцикл „хамачи“ со гостиварски регистарски ознаки. Мотоциклот бил пронајден, одземен и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 02.06.2023 околу 20.10 часот од страна на полициски службеници од ЕВР-ОКР Ѓорче Петров-Потраги, по преземани мерки и активности била пронајдена Т.К.(17), која истиот ден  била пријавена од нејзината мајка дека се оддалечила од домот. 

На 02.06.2023 во 19.36 часот било пријавено дека во меѓузоната на Граничниот премин Табановце настанал пожар во електрична инсталација на патничко возило „форд фокус“ со српски национални ознаки, управувано од С.М.(55) од Р.Србија. Пожарот бил локализиран од страна на присутни возачи кои чекале за влез во РСМ. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 02.06.2023 во 21.20 часот А.К.(45) од Скопје, пријавил дека околу 20.40 часот на подрачјето на Центар, во близина на угостителски објект, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот 

На 03.06.2023 во 01.45 часот во угостителски објект во Градскиот парк, лишени од слобода биле М.М.(24) од Охрид, И.С.(21) и С.К.(21), двајцата од Скопје. Од страна на полициски службеници кај И.С. биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана, а тројцата физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

На 02.06.2023 во 23.45 часот било пријавено дека во с.Волково бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка. Имено, Т.Ј.(32), Ц.Ј.(66) и С.Б.Ј.(26), сите од Скопје, пријавиле дека околу 23.30 часот, Т.Ј. и Ц.Ј. физички биле нападнати од повеќе лица, по што настанала меѓусебна пресметка во која што биле употребени тврди и стаклени предмети. Во врска со случајот, С.Д.(31) од с.Волково, Х.Е.(37), Н.С.(53), С.С.(30) и Ф.Х.(32), сите од Скопје, изјавиле дека физички биле нападнати од страна на Т.Ј. и Ц.Ј.. По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци. 

На 02.06.2023 во 20.30 часот Т.М.(42) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.А. и Е.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 02.06.2023 во 20.30 часот Р.Б.(53) од Скопје пријавил дека околу 19.45 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Ф.Н.. Се работи на расчистување на случајот. 

На 02.06.2023 во 15.10 часот М.В.(21) од Скопје, пријавил дека околу 12.45 часот, во с.Долно Лисиче, скопско, бил физички нападнат од Ф.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.К.(65) од Р.Грција, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 21.05.2023 на граничен премин Табановце, при контрола кај пријавениот била пронајдена марихуана и течност кај која е утврдено присуство на канабидоиди.

На 02.06.2023 во 18.30 часот Р.Р.(34) од Скопје пријавил дека околу 17.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од неговиот роднина А.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 02.06.2023 во 19.40 часот, З.Г.(68) пријавила дека околу 19.00 часот во Кочани била физички нападната од С.И., двете од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.06.2022 во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, било пријавено дека од  здравствена установа на подрачјето на Карпош се оддалечил Д.С.(33) од Неготино. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

На 02.06.2023 во 16.40 часот М.С.(59) пријавил дека во Струмица, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.С., двајцата од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.06.2023 во 21.50 часот било пријавено дека на ул.„Васко Карангелевски“ во Битола настанал пожар во патничко возило џип „гранд чироки“ без регистарски ознаки, сопственост на М.И.(43) од Битола, кое според пријавеното било неисправно. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна бригада-Битола. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. 

На 03.06.2023 во 00.45 часот било пријавено дека пред угостителски објект во Кавадарци, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.К.(40), Б.К.(38) и Џ.Р.(60) од с.Желино, од една страна, и А.Р.(25) и Д.М.(24), двајцата од Кавадарци, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

На 02.06.2023 во 21.00 часот во ОВР Прилеп, С.А.(43) од Прилеп пријавил дека од домот се оддалечил неговиот малолетен син Б.А.(15). Според пријавеното, малолетникот најверојатно бил со неговата малолетна девојка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

На 02.06.2023 во 21.15 часот Ѓ.Б.(28) од с.Обршани, прилепско, пријавил дека на влезот во селото бил физички нападнат од Б.Ѓ. од с.Крушеани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 02.06.2023 во 19.00 часот З.С.(51) од Битола пријавил дека околу 13.30 часот во угостителски објект во Битола бил вербално нападнат од едно лице кое имало пиштол, но набрзо било отстрането од локалот. За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 02.06.2023 во 23.40 часот во Ресен од полициски службеници од Полициската станица Ресен бил лишен од слобода С.М.(59) од Ресен, поради тоа што околу 16.40 часот во паркче кај нас.„Пролет“ во Ресен, се соблекол и допирал по телото малолетничка. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.   

На 02.06.2023 во 19.46 часот било пријавено дека во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Г.М.(53) и Г.Ѓ (43), двајцата од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 02.06.2023 во 20.00 часот, М.Т.(63) од Кичево, во полициска станица пријавила дека на улицата „4 Јули“ во Кичево била касната од куче скитник. ев/

 

Остани поврзан