• петок, 26 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - На 24.07.2024 во 14.25 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Т.(26) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, семки од канабис, растение канабис сатива, дигитална вага и пари во различни валути и апоени. А.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и против него е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 25.07.2024 во 05.15 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Ѓ.(44) од Охрид. При преглед кај него е пронајден лаптоп компјутер, кој е предмет на кривично дело „кражба“, извршена претходно во сместувачки објект на улица „Цар Самоил“ во Охрид. Компјутерот е одземен и предаден на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против С.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Љ.Т.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.07.2024 на улицата „Димитар Влахов“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин. Додека, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага и други предмети со остатоци од хероин.    

На 24.07.2024 во 12.30 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Х.(47) од Кочани, затоа што во семејната куќа во Кочани физички ја нападнал својата 41-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.К.(28) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 15.05.2024 во Тетово, пријавениот физички ја нападнал неговата 21 - годишна сопруга и ѝ нанел повреди.

На 23.07.2024 во 11.50 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен З.Н.(53) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фирма во с.Визбегово, скопско. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 07.05.2024, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик.

Денеска (25.07.2024) во 00.10 часот во СВР Скопје Е.Н.(39) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека на 24.07.2024 околу 23.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.Ќ.(32) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.С.(18) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 30.10.2023 во с.Брвеница, тетовско, пријавениот, по претходна расправија, со тврд предмет го нападнал Х.С..

Денеска (25.07.2024) во 02.30 часот во СВР Скопје, А.П.(42) од Свети Николе пријавил дека околу 00.20 часот пред зграда на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија за паркинг простор, бил физички нападнат од негов сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.М., државјанин на Унгарија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 31.03.2024 на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, поради претходни меѓусебни недоразбирања, пријавениот со тврд предмет нападнал малолетник.  

Денеска (25.07.2024) во 02.55 часот во СВР Скопје, А.Џ.(64) од с.Горна Матка, општина Сарај, пријавил дека на 24.07.2024 околу 16.30 часот во дворот од неговата куќа, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ј.Р.(19) од истото село, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11.12.2023 во населба Дреновец во Тетово, пријавените со тврд предмет го нападнале А.И.. 

На 24.07.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје, Ф.Н.(35) од Скопје пријавил дека околу 12.50 часот на работното место на паркинг простор на подрачјето на Центар, по претходна расправија за наплата на паркинг услуга, едно лице му се заканило, а потоа со употреба на сила му одзело терминал за увид на наплатите за паркирање, сопственост на Паркинзи на Општина Центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Р.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба“ и „полово вознемирување“. На 19.07.2024 во продажен објект во Драчево во Скопје, пријавениот физички ја нападнал вработената и одзел производи, по што го напуштил местото. Набргу се вратил без облека и ја повикал за да ги плати производите. Веднаш по настанот тој бил фатен и лишен од слобода.

На 23.07.2024 во 10.20 часот во СВР Скопје, К.С.(43) од Скопје пријавил неговиот татко С.С.(75) паднал од кровот на семејната куќа на подрачјето на Чаир. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот излегла екипа од СВР Скопје.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје, во моментот на издржување на казна затвор во Казнено - поправната установа Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 21.09.2023 пријавениот, преку телефонска комуникација и лажно претставување и прикажување на факти за фиктивна купопродажба, довел во заблуда сопственик на правно лице, со што го навел да стори штета на имотот на правното лице во вредност од 47.040 денари.

На 24.07.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.С.(43) од Скопје пријавил дека од домот каде престојувале се оддалечиле четири лица од Бангладеш на возраст од 23 до 36 години, кои биле вработени во приватна фирма во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.И.(49) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.02.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.

На 24.07.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Делчево, А.С.(43) од Делчево пријавила дека околу 21.00 часот, додека седела во угостителски објект на бензинска пумпа со нејзините пријатели, нејзиното куче домашен миленик ја каснало малолетната ќерка на пријателите. Малолетничката била однесена за укажување на лекарска помош, а сопственичката го предала кучето на ветеринарен лекар. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.В.(43) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 10/11.07.2024 пријавениот неовластено набавил и употребил податоците од банкарска картичка на лице од Штип, по што извршил 12 успешни трансакции, со што се стекнал со противправна имотна корист со вкупен износ од 11.632 денари.

Денеска (25.07.2024) во Полициската станица Кочани, К.Ј.(64) пријавил дека во канал за наводнување во близина на с.Оризари, кочанско, ја пронашол удавена неговата мајка М.Ј.(89) од с.Оризари, за која еден час претходно пријавил дека се оддалечила од домот. Телото на починатата било извлечено од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(20) и А.Р.(30), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 25.06.2024, пријавените физички го нападнале А.Ш.(19), а потоа првопријавениот со нож му нанел повреда, додека второпријавениот, при обид да го напушти местото, со возилото удрил во неговиот брат Б.Ш и во неговата мајка. 

Денеска (25.07.2024) во 07.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.М.(55) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син А.М.(32) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.З.(75) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство. На 19.05.2024, по претходна вербална расправија, пријавениот упатил закани со нож кон неговата снаа и ѝ нанел повреда. 

На 24.07.2024 во СВР Битола, А.Б.(35) од Битола пријавил дека во близина на Офицерски дом во Битола бил каснат од куче скитник.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.М.(20) од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 24.06.2024 на ул.„Партизанска“ во Берово со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, а подоцна преку мобилна апликација се јавил на полициски службеник и му упатил закани. 

На 24.07.2024 во ОВР Неготино, Д.Д.(37) од Демир Капија пријавил дека пред угостителски објект во Демир Капија бил каснат од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ф.(45) од с.Пирок, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Пријавениот, на парцели сопственост на РСМ, без да поседува документација, узурпирал државно земјиште и изградил објекти. 

На 24.07.2024 во 13.20 часот, М.К.(64) од Кичево во полициска станица пријавил дека на локален пат во кичевското село Козица бил каснат од куче скитник.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Д.(44) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 14.07.2024 во семејниот дом во Пехчево, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка. дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан