• сабота, 28 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 5 ноември 2023 (МИА) - Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Т.(33) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 09/10.10.2023 година, при претрес во неговото патничко возило „голф“ биле пронајдени 2048,2 грама амфетамин, кокаин и четири таблети MDMА. При извршен претрес во домот на пријавениот бил пронајден пиштол.

На 04.11.2023 во 17.00 часот во СВР Скопје Л.С.(71) од Скопје пријавила дека на 31.10.2023 околу 17.30 часот пред нејзиниот двор на подрачјето на Ѓорче Петров била касната од две кучиња, сопственост на нејзиниот сосед П.Б.(67) од Скопје. Со П.Б. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 04.11.2023 во 15.00 часот било пријавено дека во Гевгелија, во приватна забна ординација, при извршување работни задачи со ламба, П.Ј. и Н.Н. се здобиле со изгореници, по што биле пренесени во Општата болница Гевгелија за укажување на лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото на настанот.

На 04.11.2023 во 08.50 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Н.Ј.(29) од с. Чифлик, затоа што тој во селото физички го нападнал М.М.(54) и му го оштетил возилото, потоа им се заканувал и на М.А.(39) и Д.Х.(26), а исто така, физички ја нападнал и неговата 55-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 04.11.2023 во 13.17 часот било пријавено дека во с. Виничка Кршла, виничко, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Д.Н.(44) и Б.Н.(24). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Д.(45) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед извршен во кичевското село Кнежино, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

На 04.11.2023 во 14.36 часот во ОВР Гостивар од Општата болница Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.С.(60) од Гостивар. Според пријавеното тој со повредите се здобил при извршување на работни задачи во правно лице - месарница. Излезено било на местото на настанот од страна на полициски службеници и бил известен трудов инспектор.

На 04.11.2023 во 04.50 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П.(23) од Крива Паланка. Според пријавеното, околу 03.30 часот во казино во Куманово, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Д.П. и В.Т.(49) од Куманово, вработен како обезбедување во објектот, кој употребил и тврд предмет. Исто така, Д.П. агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 04.11.2023 во 18.30 часот било пријавено дека во с. Злетово, пробиштипско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.Т.(56) и Б.А.(47). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 04.11.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Шуто Оризари бил пронајден починат З.И.(61) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

На 04.11.2023 во 16.40 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Т.(19) од с. Биљановце, поради тоа што околу 03.00 часот во Куманово со тврд предмет го нападнал К.К.(24) од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 04.11.2023 во 14.20 часот било пријавено дека на 03.11.2023 околу 00.30 часот во Битола бил опожарен кафемат лоциран до продавница, а од пожарот била зафатена бандера со кабли и други предмети во непосредната околина. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.11.2023 во 14.00 часот Т.Б.(41) од Штип пријавил дека на 03.11.2023 околу 18.00 часот на игралиште во Штип неговиот малолетен син бил физички нападнат со тврд предмет од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Виница поднесе кривична пријава против Б.С.(52) од Оризари, кочанско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 23.09.2023 година, при отпочнување на градежни работи во дворно место во Виница, пријавениот вербално и физички го нападнал Т.К. од с. Мородвис - Зрновци, по што со тврд предмет замавнал кон него, но бил спречен од друго лице.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан