• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Синоќа во 22:30 часот во село Живојно, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор - Меџитлија го лишиле од слобода Т.Н., на возраст од 42 години од селото, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 235 и член 242 од Кривичниот законик.

При контрола на патничко возило „шкода“ без регистарски таблички, што го управувал, биле пронајдени повеќе пластични туби со нафта и масло за машини за што постои сомнение дека ги одзел од фирмата каде работи. Возилото и тубите биле одземени, а лицето било предадено во СВР - Битола. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа во 22 часот, полициски службеници од СВР - Скопје ги лишиле од слобода Т.А., 33-годишно лице од Кочани и Ш.А., на возраст од 30 години од главниот град на државава, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

СВР - Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(34), А.Б.(28), Е.Б.(30), Н.Ј.(33), сите од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

Во периодот од 2021 до 2024 година, пријавените во повеќе наврати на лице од охридско, преку неговата невенчана сопруга, му давале пари на заем, а после тоа договарале за себе несразмерна противправна имотна корист и со присилба им изнудиле вкупно 17.990.000 денари. Парите, освен што биле уплаќани на сметките на пријавените, биле уплаќани и на сметките на други лица.   

СВР - Струмица поднесе кривична пријава против А.Т., 53-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Во периодот од 04.11.2024 до 24.12.2024, пријавениот одбивал да го предаде и во својот дом неовластено држел оружје за што претходно било донесено решение за привремено одземање поради нарушен јавен ред и мир и физички напад.

Завчера во 21:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР - Струмица го лишиле од слобода А.А., 26-годишник од Радовиш поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела.

Тој бил задржан во Полициската станица - Радовиш. Во службен разговор, признал дека сторил едно кривично дело „предизвикување општа опасност“ на подрачје на Радовиш и две кривични дела „тешка кражба“ на подрачје на Штип. Известен бил јавен обвинител и по документирање на случаите, против А.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Денеска во еден часот на улицата „Генерал Васко Карангелевски“, полициски службеници од СВР - Битола го лишиле од слобода Д.М., 30-годишно лице од овој град, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 23:40 часот на булеварот „Туристичка“, полициски службеници од СВР - Охрид го привеле А.Д., на возраст од 26 години од овој град, затоа што при контрола во возилото „бмв“, што го управувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

СВР - Охрид поднесе кривична пријава против Д.А., 49-годишно лице од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.

На 07.10.2024 на магистралниот пат Гостивар - Кичево, во село Мидинци, кичевско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „рено“ управувано од пријавениот, при што биле пронајдени огревни дрва. Притоа, тој се дал во бегство, а по преземени мерки и по пристигнување во семејниот дом, пријавениот со остар предмет упатувал закани кон полициските службеници.

Синоќа околу 21 часот, полициски службеници од СВР - Штип го лишиле од слобода Џ.О., 21-годишно лице од овој град, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 19:35 часот на магистралниот пат А2, полициски службеници од ОВР - Струга го лишиле од слобода В.Д., на 38-годишна возраст од Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против А.С., 53-годишник од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.

На 07.03.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата 38-годишна вонбрачна сопруга.

Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР - Битола го лишиле од слобода Д.К., 24-годишен битолчанец.

Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд - Битола за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Битола“ за издржување на казната.

СВР - Охрид до Основното јавно обвинителство - Охрид поднесе кривична пријава против Ј.С., 44-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик.

На 11.03.2025 во Охрид, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

Вчера во периодот од седум до 15 часот, при вршење на редовни контролни активност на подрачјето на СВР - Тетово, полициски службеници констатирале пет кривични дела извршени од превозници кои вршат јавен превоз на патници без поседување на лиценца, предвидено и казниво по член 284-а од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против Е.Е., 56-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во текот на 2025 година на катастарска парцела, негова сопственост во село Пршовце, тетовско, пријавениот изградил објект од тврда градба без да поседува дозвола за градење од надлежен орган.   

Вчера во 16:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР - Скопје го привеле Б.Ј., 36-годишен скопјанец.

Тој се сомничи дека околу 14:40 часот со остар предмет се заканувал на неговата сосетка А.С., на возраст од 26 години од Скопје, ги скршил предните ветробрански стакла на нејзиното и уште едно возило, а со тврд предмет скршил прозорци на соседната куќа. Лицето било пренесено во здравствена установа и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. 

Вчера во 11:17 часот во СВР - Битола било пријавено дека во периодот од 16 часот на 24.03.2025 до 10 часот на 25.03.2025, покрај црквата „Свети Ѓорѓија“ во атар на село Слатина, општина Македонски Брод, бил извршен ископ при што биле извадени четири камени плочи и остатоци од коски што најверојатно се од човечко потекло.

Увид на местото извршила екипа од ОВР - Македонски Брод, запознаен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против А.А., 58-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

На катастарска парцела во атар на село Брезно, тетовско, пријавениот изградил објект од тврда градба и узурпирал земјиште во државна сопственост без да поседува дозвола за градење од надлежен орган.

Синоќа во 20:33 часот во СВР - Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, со тешки телесни повреди бил донесен Д.Т., на 34-годишна возраст од главниот град на државава.

Според пријавеното, во населба Автокоманда, тој бил физички нападнат од едно лице, при што се здобил со повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа околу 23:35 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, пет скопски малолетници биле физички нападнати од осум машки лица, при што едно од нив им се заканувало со остар предмет.  

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Денеска во два часот во Полициската станица - Бит Пазар, И.А. пријавил дека околу 00:10 часот на улицата „Цветан Димов“, три лица со остар и тврди предмети се заканиле на неговиот малолетен син и му одзеле пари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Вчера околу 15:35 часот во СВР - Велес, од велешката болница било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Е.С., 22-годишник од село Клуковец, велешко.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од мотоцикл во село Клуковец. Полициски службеници излегле на лице место и се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 14:45 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во градот, Е.Б., на возраст од 25 години од главниот град на државава, управувајќи  мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од коловозот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридкси“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР - Скопје.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против Г.О., на 50-годишна возраст од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 21.01.2025, пријавениот - вработен во регионалната дирекција на УЈП - Тетово, искористувајќи ја својата положба и овластување, го известувал менаџерот во казино во Тетово и оддавал службени информации за планираните контроли во казиното.

Вчера во 12:20 часот во СВР - Битола било пријавено дека на крстосница од улиците „Маврово“ и „Цар Самоил“ во градот, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од К.Д., 44-годишно лице од овој град, удрило во пешакот С.С., на 65-годишна возраст од Битола.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во болницата во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР - Битола.

На 20.03.2025 на граничен премин „Долно Блаце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.С., на возраст од 34 години од Република Албанија, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за лицето е распишана меѓународна поерница од Интерпол - Германија за сторено кривично дело „трговија со дрога“.

Од Основен суд - Скопје му е одреден 30 - дневен екстрадиционен притвор, по што е пренесен во Казнено - поправната установа „Затвор - Скопје“.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ј., на возраст од 58 години од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ и „загрозување на сигурноста“.

На 13.02.2025 во Тетово, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, пријавениот физички нападнал едно лице.

Завчера во 12:30 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир.

Тоа, со физичка пресметка помеѓу М.К.(33) и С.С.(46), двајцата од Скопје, при што едниот од нив употребил тврд предмет. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.   

Вчера околу 18:30 часот во СВР - Скопје, Л.П., 60-годишен скопјанец, пријавил дека во дворот од неговата куќа на подрачјето на општина Аеродром, две лица физички го нападнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР - Штип поднесе кривична пријава против С.С., на возраст од 59 години од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 13.03.2025 пред семејната куќа на пријавениот во село Саса, неговото куче, кое било без надзор - заштитна корпа, нападнало едно лице.

Синоќа во 19:40 часот во СВР - Скопје, В.П., на возраст од 23 години од село Љубанци, скопско, пријавил дека околу 15:35 часот на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно машко лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Во СВР - Скопје, Д.Г., 50-годишен скопјанец, пријавил дека на 23.03.2025 во 9:30 часот во парк на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од М.Т., 25-годишно лице од главниот град на државава.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 12:20 часот во Полициската станица - Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца со воспитно - социјални проблеми и нарушено поведение е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.М., на возраст од 17 години, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан