• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 19 март 2023 (МИА) – Вчера во периодот од 10 часот до 14 часот од страна на полициски службеници од ОКП-ОЕК при СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршена е контрола на правни и физички лица кои вршат дејност од областа на девизното работење, преку купување и продажба на ефективни странски и домашни пари, при што кај четири физички и правни лица се констатирани неправилности, односно работење спротивно на Законот за девизно работење на РСМ. При контролата на две правни лица во Куманово, чии управители се М.К. и Д.М., од Куманово, утврдено е дека не поседуваат Решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту Лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари, а кај нив се пронајдени голем износ на домашни и странски пари во различни валути. Во деловен објект – менувачница без регистрирано правно лице, во сопственост на М.А. од Куманово, е утврдено дека нема регистрирано правно лице во Централен регистар на РСМ, а не поседува ниту Лиценца ни Решение од НБРСМ за вршење на менувачко работење. Во моментот на контролата и М.А. противправно поседувал домашни и странски валути во поголем износ, а на Градскиот плоштад во Куманово, затекнат е М.С. од Куманово како врши менувачко работење спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење, при што и кај него се пронајдени поголем износ на пари во различни валути. За констатираната состојба спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење на РСМ кај овие правни и физички лица беше известен дежурен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по целосно расчистување и документирање на случаите од страна на ОКП-ОЕК при СВР Куманово ќе биде изготвен соодветен поднесок.Во текот на изминатата вечер во периодот од 22 до 03 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 15 возачи. Од нив 10 на територија на Битола, четири во Прилеп и едно во Ресен. За време на контролата биле санкционирани и 10 други видови прекршоци.На 17.03.2023 во 17:30 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Р.Х.(30) од Скопје со тешка телесна повреда, со која се здобил додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и известен бил трудов инспектор.На 18.03.2023 во 19:35 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници бил лишен од слобода Д.Д.(24) од Скопје. Тој околу 15:20 часот на подрачјето на Чаир физички го нападнал Б.А.(22) од Скопје По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  На 18.03.2023 во 14:15 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар, настанал пожар  во патничко возило во движење, „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  Д.А.(57) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.  На 18.03.2023 во 17 часот во Прилеп од полициски службеници бил лишен од слобода Д.А.(20) од Прилеп. Причината е што тој агресивно се однесувал кон нив и ги спречувал во вршење на службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против П.Т.(35) од Валандово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 19.11.2022 во Валандово. При извршен претрес во домот на пријавениот биле пронајдени семки од растението канабис сатива и марихуана.На 18.03.2023 во 15:10 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен Х.З.(47) од Скопје. Според пријавеното, тој со повредата се здобил додека извршувал градежни работи на објект во Влае. Од полициски службеници било излезено и известен бил трудов инспектор.Вчеравечер од 22 до 03 часот на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е сообраќајна акциска контрола за управување на возила под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани 6 возачи (ТЕ-4 и ГВ-2) кај кои било утврдено присуство на алкохол, од кои кај 3 (ТЕ-2 и ГВ-1) и до еден и пол промили. Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се предвидените поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и времено им се одземени нивните возачки дозволи. Покрај ова, санкционирани се и седум други видови сообраќајни прекршоци.На 19.03.2023 во 03:57 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар на објект – брод, сопственост на Град Скопје. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема, а увид врши увидна екипа од СВР Скопје.  На 18.03.2023 во 17:35 часот К.Ч.(40) од Прилеп пријавил дека околу 13:25 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.А.(28) од Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 09.12.2022 на место викано „Суитлак“, полициски службеници при преглед на патничко возило во кое биле пријавениот Н.А., заедно со возачот и уште едно лице, пронашле и одзеле марихуана.На 18.03.2023 во 13:46 часот било пријавено дека на улица „Панче Неделковски“ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.Р.(43) од Скопје, при што опожарена била една соба. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита, а едно женско лице и двајца малолетници поради вдишување на чад биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  На 18.03.2023 во 13:30 часот С.Н.Ш.(35) од Радовиш, пријави дека околу 13 часот во Радовиш таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од Ф.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 18.03.2023 во 20:15 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(34) од тетовско, поради тоа што физички ја нападнал својата 34-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  На 18.03.2023 во 22:50 часот M.А.(48) од Скопје пријавил дека околу 22:10 часот во село Волково, скопско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.П.(23) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 18.03.2023 во 20:20 часот С.Ј.(51) од Битола пријавил дека околу 13:30 часот во угостителски објект во Битола бил физички нападнат од Б.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 19.03.2023 во 00:06 часот било пријавено дека на улица „Џон Кенеди“ настанал пожар во стан сопственост на Х.Ц.(49) од Скопје, кој предизвикал надворешно оштетување на уште еден стан. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема, а увид врши увидна екипа од СВР Скопје.На 18.03.2023 во 23 часот И.С.(49) од Скопје пријавила дека околу 20:40 часот на подрачјето на Центар, во маркет каде што работела, била физички нападната од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 18.03.2023 во 12:20 часот, М.П.(53) пријавила дека во Куманово била физички нападната од С.С.(59), и двајцата од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривични пријави против С.Г. (57) од Куманово и Р.В.(20) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”. На 11.03.2023 и 14.03.2023 година, на Граничниот премин „Табановце“, пријавените со патничко возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки биле затекнати како вршат јавен превоз на патници во патниот сообраќај без лиценца, односно без поседување на Дозвола за меѓународен линиски превоз.На 18.03.2023 во 17:50 часот во Полициската станица Гази Баба од СОС Детско Село било пријавено дека од домот се оддалечила нивната штитеничка Р.И.(17). Таа и досега во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.Ноќеска во 02:55 часот било пријавено дека во Куманово, на улица „Милан Лисица“, настанал пожар во куќа сопственост на А.Д.. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема, а увид врши увидна екипа од СВР Куманово.  СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(28) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против С.К.(24) од село Порој, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Полициски службеници на СВР Тетово на 14.03.2023 околу 19:40 часот, на локалниот пат Тетово - Ѓермо, ги лишиле од слобода пријавените А.Ј. и С.К., двајцата од тетовско, затоа што при нивен и преглед на патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Претходно, тие не застанале на полициски знак за запирање и со нивното возило оштетиле полициско возило на СВР Тетово. Од судија на претходна постапка при Основен суд Тетово на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30  дена.На 18.03.2023 во 22:10 часот 37-годишна скопјанка пријавила дека нејзината малолетна ќерка се оддалечила од домот на подрачјето на Шуто Оризари заедно со нејзината другарка. Според пријавеното, родителите подоцна добиле порака дека ќерка им ќе остане да живее со малолетниот брат на другарката, во нивниот дом. Откако била пронајдена, малолетничката кажала дека била во љубовна врска со малолетникот и имала сексуален однос со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 17.03.2023 во 17:50 часот Н.Д. од Куманово пријавила дека во угостителски објект во Куманово нејзиниот син М.Б.(20) бил физички нападнат од Г.Н.(34), двајцата од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. свс/

Остани поврзан