• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 24 март 2023 (МИА) - На 23.03.2023 во периодот од 11.30 часот до 15.00 часот на повеќе локации во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово во содејство и координација со претставници на Центарот за социјална работа спровеле активност за справување со питачење како незаконска појава. Во акцијата откриени и со соодветни поднесоци биле санкционирани четири женски и едно машко лице од Тетово и Скопје. Три од женските лица биле со малолетни деца.Денеска (24.03.2023), полициски службеници од СВР Струмица, со наредба од Основен суд Струмица, извршиле претрес во дом и други простории кај Н.А.(34) од Струмица. При претресот била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 23.03.2023 околу 13.20 часот на улица „Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле И.С.(34) од Република Албанија, поради сомнение дека го злоупотребил туристичкиот престој на подрачјето. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.П.(51) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 19.10.2022 во Струга,  полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле кокаин.На 23.03.2023, полициски службеници од СВР Штип и од Полициската станица Штип, во содејство со Шумска полиција Штип и Шумско стопанство „Серта Штип“, по преземени мерки и активности,  во с.Почивало, штипско, пронашле седум кубни метри огревно дабово дрво без документација, сопственост на Ј.С.. Дрвата биле одземени и предадени на Шумско стопанство „Серта Штип“, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Н.(44) од струшкото село Велешта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Тој, на 12.02.2023 во 03.30 часот пред казино на улица „15 Корпус“ во Струга физички го нападнал Е.В.(38) од Кавадарци и му одзел пари.На 23.03.2023 во 17.15 часот, при контрола извршена во месноста „Шумски Ревир“ во атарот на кичевското село Грешница, полициските службеници затекнале патничко возило „нисан терано“ без регистарски таблички, управувано од А.А.(21) од истото село. Притоа, констатирале дека тој неовластено и без соодветна документација превезува огревно дрво. Дрвата се одземени и предадени на Шумската полиција за натамошна постапка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 24.03.2023 околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај бензинска пумпа во с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 14-годишник од Скопје и патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(19) од Скопје, кој го напуштил местото на несреќата. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „пежо“ и неговиот 14-годишен сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека уште еден 14-годишен сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(60) од струшко село, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“. Тој, на 13.03.20223 во семејниот дом во селото, започнал вербална расправија со неговата ќерка, по што ја нападнал со дрвен предмет.На 23.03.2023 во 14.30 часот во Полициската станица Карпош, М.Д.(46) од Скопје пријавил дека на 22.03.2023 околу 10.30 часот во приватно основно училиште во Скопје неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина наставничка, која употребила и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 23.03.2023 во 14.10 часот во Полициската станица Драчево, П.Б.(79) од Скопје пријавил дека на ул.„Живко Фирфов“ во Драчево бил каснат од куче скитник.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Ш.П.(50) од село Новак, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шуми“. Во текот на март 2023 на место викано „Амати“, атар на село Житинани, пријавениот исекол 68 стебла дабово дрво сопственост на две лица од село Папрадник, причинувајќи штета од 52.500 денари.На 23.03.2023 во 20.25 часот во Полициската станица Карпош, И.К.(20) од Скопје пријавила дека околу 17.50 часот во близина на маркет на подрачје на Карпош, по претходна расправија, била физички нападната од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 23.03.2023 во СВР Битола било пријавено дека на ул.„23“ во Битола настанал пожар на оџак на куќа, сопственост на Т.Т. од Битола. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид бил извршен.На 23.03.2023 во 21.10 часот во Полициското одделение Сарај, С.Ф.(43) од с.Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 15.30 часот во с.Долно Свиларе, по претходна расправија, бил физички нападнат од Е.М. од с.Долно Свиларе, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 23.03.2023 во 20.39 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Коце Металец“ едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 23.03.2023 во 13.00 часот, Њ.Д.(39) од Струга во полициска станица пријавила дека во струшката населба „Плитишта“ била касната од куче скитник.На 23.03.2023 во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.50 часот во спортска обложувалница на ул.„Ќемал Сејфула“ едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ев/

Остани поврзан