• сабота, 21 декември 2024

МВР Билтен ДПЛ

МВР Билтен ДПЛ

Скопје, 17 март 2023 (МИА) - На 16 март 2023 во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово. Таа се сомничи дека на 7 март 2023 влегла во приватен имот на улицата „100“ во Куманово и одзела пари. М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.Денеска  во 11.45 часот полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода С.К.(20) од Битола. Таа се сомничи дека на 16 март 2023 околу 17.00 часот извршила разбојничка кражба во дом на улица „8 Септември“ при што одземала златен и сребрен накит. Дел од пронајдените предмети се одземени и вратени на сопственикот. Лицето било приведено во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.На 17 март 2023 година во 00.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.В.(18) од Куманово. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно помеѓу улиците „Драган Стопаревиќ“ и „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово предизвикал пожар, при што била запалена трева. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.На 16 март 2023 по наредба издадена од Основен суд Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле претрес во домот на С.А.(39) од Пехчево, каде живеел заедно со С.А.(27) од Штип. При претресот биле пронајдени и одземени растение канабис и делови од растение, ампула, шприц, дробилка со остатоци од марихуана. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Кочани, по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 17 март 2023 година во 10.45 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка врз основа на судска наредба  извршиле претрес во домот на З.К.(43), во Крива Паланка. При претресот биле пронајдени марихуана и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против З.К. ќе следува соодветна пријава.На 16 март 2023 во периодот од 13.00 до 17.00 часот на поширокото тетовско-гостиварско подрачје беше спроведена акциска контрола на возачи која се однесува на престигнување. При контролата биле санкционирани вкупно 26 возачи (ТЕ-9 и ГВ-17) кои непрописно престигнувале на забранети места. На сите возачи-прекршители им се изготвени законски предвидените поднесоци. Санкционирани, исто така, биле и 11 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. На 16 март 2023 полициски службеници од Полициското одделение Новаци во с.Мусинци, битолско, го лишиле од слобода Д.А.(35) од с.Мусинци, поради сомнение за извршено разбојништво. Полициските службеници постапиле по пријава од Г.Р.(49) од с.Мусинци според која во близина на селото бил физички нападнат од Д.А. од с.Мусинци, со кого се познавале, при што Д.А. му одзел пари. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.И.(50) од струшкото село Велешта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола во патниот сообраќај извршена на 18 јануари 2023 година во соработка со сообраќаен инспектор од општина Струга, сопрено е такси возило „мерцедес“ кое пријавениот го управувал. Притоа, полициските службеници констатирале дека Ф.И. врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца за таа дејност, издадена од надлежен државен орган.На 16 март 2023 околу 21.20 часот во СВР Куманово е пријавено дека кај место викано „Аџитепе“, полициски службеници од Полициска станица Сопот во патничко возило „голф“, со бугарски национални ознаки, пронашле четири лица мигранти (3 од Сирија и 1 од Пакистан), додека возачот се дал во бегство откако ја забележал полициската патрола. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 17 март 2023 во 02.00 часот, Љ.Ц.(42) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот на подрачјето на Аеродром, бил физички нападнат од Д.Г. Се работи на расчистување на случајот.На 17 март 2023 во 00.30 часот било пријавено дека на подрачјето на Газа Баба, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Г.С.(40) и А.Г.(47), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.Н.(53) од Велес, М.О.(59) од Прилеп, Е.Р.(59), В.А.(59), двајцата од с.Лажани, правно лице од Кичево и две правни лица од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски платежни средства и чекови“. Пријавените, спротивно на законските прописи и без овластување на Народната банка на Република Северна Македонија, неовластено продавале и купувале готовински странски платежни средства - девизи во противвредност од 3.188.500 денари.  На 16 март 2023 во 15.35 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека во Клиничката болница Штип починал В.А.(20) од Радовиш, на кого му се слошило, откако претходно бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш по извршен претрес во неговиот дом во Радовиш, со  судска наредба, при кој била пронајдена марихуана. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 15 март 2023 во 20.10 часот, А.А.(42) од Скопје пријавил дека околу 18.15 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Б.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 16 март 2023 во 14.00 часот, С.Б.(46) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 16 март 2023 околу 08.00 часот на полигонот Стенковец, на подрачјето на Скопје,  полициски службеници од Полициска станица Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Д.А.(69), Ж.Н.Д.(64) и Ј.К.(38), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени солзавец, пушка „shoebill“ кал.40мм, пушка „antiriot“ кал. 37/38мм, 3 парчиња муниција кал.40 мм, 17 парчиња муниција кал. 37/38мм за кои не поседувале никаква документација и немале добиено дозвола за пробно гаѓање од АРМ. Увид на местото  извршила екипа од СВР Скопје. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.Л.(39) и Б.С.(36) двајцата од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „комар“. На 22 февруари 2023 во Прилеп, на ул.„Борка Левата“, при извршен претрес во објект сопственост на второпријавениот Б.С., кој го користел првопријавениот И.Л., без склучен договор за користење под наем, биле затекнати девет лица, од кои три играле игри на среќа без издадена дозвола.На 16 март 2023 во 14.00 часот К.Т.(66) пријавил дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Д.Т.(62), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.К.(32) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 2 декември 2022 на стариот пат Куманово - Свети Николе, кај место викано „Искрин мост“, атар на с.Добрашане, кумановско, при извршен преглед кај пријавениот е пронајдена марихуана. На 16 март 2023 во 13.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во својот дом на подрачјето на Гази Баба е пронајден починат А.З.(41). Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Р.(27) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанции“. На 15 ноември 2022 во Прилеп, на ул. „Пере Тошев“, во домот на Д.Д. (21), при вршење претрес кај пријавениот Д.Р. била пронајдена марихуана.

Остани поврзан