• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 4 јуни 2023 (МИА) - СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Р. (21) и В.М. (22), двајцата од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 22.05.2023 во Велес, пријавените со употреба на скенер-принтер, фалсификувале банкноти-денари и ги пуштиле во оптек како вистински. При извршен претрес во нивните домови, одземени се скенер-принтер, компјутер и две банкноти од по 100 денари и една од по 1000 денари.

На 03.06.2023 во 19.30 часот Б.Ј.(53) од с.Брвеница, тетовско, пријавил дека околу 17.20 часот во истото село, по претходна расправија, бил физички нападнат од Д.В.(58). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 04.06.2023 во 01.30 часот било пријавено дека пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Р.Ц.(19), Е.Ц.(20), Ј.М.(21) и Ј.М.(21), од една страна, и Е.К.(19), М.М.(23), П.Ј.(20) и Т.Ш.(20), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.06.2023 во 20.00 часот Р.А.(22) од Скопје пријавил дека околу 17.40 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од С.С.(32) од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 02 и на 03.06.2023 во СВР Скопје Т.И.(42), К.К.(49) и Н.Р.(48), сите од Скопје, пријавиле дека на 02.06.2023 околу 21.30 часот пред угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Аеродром нивните три малолетни деца биле физички нападнати од други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.06.2023 во 13.40 часот Б.К.(24) од Скопје пријавил дека околу 02.00 часот во с.Долно Лисиче, скопско, тој, А.П.(24) и Д.Т.(24) биле физички нападнати од Ф.Т., З.Т.(21) и А.К.(21), сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 03.06.2023 во 14.00 часот, Б.Ќ.(40) од Тетово пријавил дека на влезот за с.Семениште, скопско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Е.А.(46) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.06.2023 во 20.00 часот Ф.К.(52) пријавила дека околу 14.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по претходни недоразбирања, била физички нападната од Ф.У.(56), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 03.06.2023 во 19.50 часот М.В.(41) од Скопје пријавила дека околу 19.00 часот на подрачјето на Аеродром, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од едно женско лице. Се работи на расчистување на случајот. 

На 03.06.2023 во 19.30 часот З.Р.(55) од Битола пријавил дека околу 18.40 часот во Битола, по претходна расправија, бил физички нападнат од В.О.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 03.06.2023 во 20.30 часот Х.Х.(44) од Скопје пријавила дека околу 17.30 часот на подрачјето на Шут Оризари, по претходни недоразбирања, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од Е.А.(42) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 03.06.2023 во 07.00 часот Т.Џ.(54) од Прилеп пријавил дека на 02.06.2023 околу 07.00 часот во Прилеп бил физички нападнат од Ф.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.06.2023 во 09.30 часот било пријавено дека околу 09.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Р.Р.(55), С.И.(56), Б.Е.(32), од една страна, и Д.Г.(43) и С.Г.(61), од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.П.(35) од Берово, поради постоење основано сомнение за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 20.05.2023 во Берово, при извршен претрес кај пријавениот била пронајдена марихуана, која била наменета за продавање.

На 03.06.2023 во 12.00 часот К.М.(26) од Скопје пријавил дека околу 11.25 часот на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 03.06.2023 во 22.00 часот Ф.Б.(39) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот во населбата Топанско Поле, неговиот малолетен син заедно со негов малолетен другар биле физички нападнати од тројца малолетници од кои едниот употребил остар предмет. Се работи на расчистување на случајот. 

На 03.06.2023 во 20.30 часот М.Т.(59) од Кавадарци пријавила дека околу 19.50 часот во Кавадарци, по претходно недоразбирање, била физички нападната со тврд предмет од нејзиниот сосед Ф.Г.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 03.06.2023 во 07.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Јадранска магистрала“, две лица со закана од вработените одзеле пари, при што едното со тврд предмет физички нападнало вработен како обезбедување во казиното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.06.2023 во 20.34 часот било пријавено дека околу 17.30 часот во Штип, В.А.(63) од Штип бил физички нападнат од М.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. вг/

Остани поврзан