• недела, 24 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 4 декември 2023 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(21) и Ф.Б.(26), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „соизвршителство“. Пријавените, во текот на ноември 2023 година набавиле марихуана и кокаин, кои ги препакувале во помали пакувања за понатамошна продажба, а кои биле пронајдени кај нив.  

Вчера од 08 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле откриени и санкционирани вкупно 62 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-38 и ГВ-24), од кои 2 (ТЕ-1 и ГВ-1) за повеќе од 70 километри на час и 23 (ТЕ-12 и ГВ-11) за повеќе од 50 километри на час. Исто така, откриени и санкционирани се и 44 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-42 и ГВ-2). од кои 1 (ТЕ) за повеќе од 50 километри на час, како и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-6).

Вчера во периодот од 10 до 15 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 75 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-10, Струга-26, Кичево-29, Дебар-10).  

На 03.12.2023 во 11:20 часот, И.И.(59) од Кичево во полициска станица пријави дека на улицата „Амит Челопечанец“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На подрачјето на СВР Штип вчера е спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 37 прекршоци од кои 33 надвор од населено место и 4 во населено место. Санкционирани биле и 14 други видови на прекршоци, од кои 5 за нерегистрирано возило, 3 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас и 2 за непрописно паркирање.

На 03.12.2023 во 22:50 часот во СВР Скопје, Р.Е.(27) од Скопје пријавил дека околу 01 часот пред угостителски објект на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од Џ.Н., Л.Н., С.Н. и А.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(31) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.11.2023 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед во возилото кое го управувал пријавениот , при што пронашле и одзеле марихуана.

Денеска во 01 часот во СВР Скопје, 51 - годишен маж пријавил дека на 03.12.2023 околу 20 часот во скопско село, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот брат Г.С.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Г.А.(45) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 16.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле повеќе патрони за ловечка пушка и повеќе куршуми, кои ги поседувал без дозвола.

На 03.12.2023 во 00:30 часот во СВР Скопје, С.А.(45) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари, тој и неговата сопруга биле физички нападнати од Е.Б.(38) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ч.(23) од с.Митрашинци, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 08.10.2023 во село Митрашинци, пријавениот упатил закани и се обидел физички да нападне кон службено лице - државен инспектор во Државниот инспекторат за шумарство и ловство, кој вршел службени дејствија.

На 03.12.2023 во 16 часот во СВР Скопје, Д.Ѓ.(60) од Скопје пријавил дека во село Дивје бил физички нападнат од М.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
       
На 03.12.2023 во 18:30 часот во СВР Скопје, С.Н.(36) од село Горно Коњари, скопско, пријавил дека во селото, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од Л.Н. и М.Н., а неговиот малолетен син бил физички нападнат од Л.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.свс/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан