• вторник, 24 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) - Вчера во Полициската станица Струга бил извршен службен разговор со Н.Б.(22) од село Луково, струшко, постапувајќи по претходна пријава од И.Б. (71) од истотo село, дека Н.Б. од ловечка пушка испукал неколку куршуми кон кучиња кои биле пред нејзината куќа. Од Н.Б. била одземена ловечката пушка и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Во Демир Хисар, вчера во 23:40 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Н.П.(28) од Демир Хисар и Ѓ.С.(23) од Битола, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување. При интервенција на полициските службеници и нивно приведување, Е.Б.(25) од Битола ги попречувал полициските службеници, по што и тој бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На подрачјето на СВР Штип на 10./11.02.2024 во времето од 23 до 05 часот, спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. За време на контролата биле санкционирани 20 прекршоци. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци.

На 09.02.2024 во 23 часот во СВР Скопје, М.Т. (48) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзината малолетна ќерка физички била нападната од неколку малолетнички. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 11.40 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во село Шопковица, радовишко, настанал пожар во две викенд куќи и два помошни објекта. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема.

Во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија вчера било пријавено дека околу 10 часот во село Лојане, липковско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, пронашле 15 лица мигранти од Сирија, од кои дел имале повреди на телата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред неговата гаража на подрачје на Кисела Вода, бил пронајден починат Љ.С.(65) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во СВР Скопје вчера во 10.36 часот, Б.М.(48) од Скопје пријавил дека на подрачје на Драчево - Скопје неговото патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од залутано зрно. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка. 

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека на 10/11.02.2024 во периодот од 17 до 05 часот на подрачје на Драчево - Скопје било опожарено патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот бил изгаснат, а повредени нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во СВР Скопје вчера во 20.10 часот  било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на општина Карпош, едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.07.2022 на магистралниот пат Кичево - Гостивар, во близина на село Колари, кичевско, полициски службеници извршиле преглед на неговото патничко моторно возило „фолксваген голф“, а подоцна и претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле марихуана и хашиш.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривични пријави против В.Ф.(30) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ и против И.Ј.(34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „изнуда“. На 28.01.2024 со употреба на физичка сила и закана, од домот на С.С., првопријавениот му ги зел личните документи и платежната картичка, по што мајката на С.С. му дала пари и двајцата го напуштиле местото.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против приватна здравствена установа од Охрид  и  против директорот С.М.(57) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение“. По преземени мери и извршена контрола, било утврдено дека во приватната здравствена установа се вршеле лабораториски испитувања за кои здравствената установа немала дозвола од Министерството за здравство.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(30) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На 03.02.2023, при извршен увид во село Порој, тетовско, било утврдено дека пријавениот изградил објект без да поседува соодветна документација.

СВР Тетово поднесe кривична пријава против Џ.М.(60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 11.01.2024 на регионален пат Тетово - село Брвеница, тетовско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз, без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Р.(57) од село Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“. Пријавениот, во текот на септември и октомври 2023, со работна машина извршил пустошење на дрва бел габер и предизвикал материјална штета на Национален парк „Шар Планина“. бд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан