• четврток, 19 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 18 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје - Единица за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција во координација со Одделот за крминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, денеска по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје поради сомнение за кривично дело по чл.396 и чл.215 од КЗ, извршија претреси во дом кај Г.Б. (37), државјанин на Косово со живеалиште во село Кондово, скопско, и кај неговата партнерка А.Ѓ. (34) во Скопје. При претресот кај Г.Б., била затекната и А.Ѓ., а пронајдени се три рачни бомби, еден рачен ракетен фрлач -зоља, еден пиштол, еден дел од пиштол, четири рамки од автоматска пушка, 164 куршуми различен калибар и шест ловни патрони. Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица и против нив, во консултација со јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Во СВР Охрид вчера околу 19:00 часот лишен од слобода е В.П.(33) од Охрид. Тој, претходно во семејниот дом, со дрвен предмет го нападнал неговиот татко. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во СВР Охрид вчера во 14:40 часот приведена е Е.Д.(43) од Ресен, која претходно била затекната при кражба на производи од маркет во Охрид. Предметите се вратени на сопственикот, а против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

М.И.(30) од Скопје вчера во 18:44 часот во Полициска станица Бит Пазар пријавила дека околу 15:00 часот пред продавница на подрачје на Бит Пазар нејзиниот малолетен син по претходна расправија бил физички нападнат од Л.М.(18) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утрово во 8:10 часот на подрачје на Аеродром од полициски службеници е лишен од слобода Ѓ.С.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

И.Ј.(18) од Скопје синоќа во 2:45 часот во Полициска станица Карпош пријавила дека вчера околу 22:00 часот во угостителски објект во Градски парк Скопје била физички нападната од женско лице Л.Ј.(18) од Скопје и неколку други женски лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Куманово вчера во 17:13 часот е пријавено дека во помошна просторија (штала) во село Коинце, Старо Нагоричане, сопственост на Б.В.(50) од Скопје, настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Старо Нагоричане. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициско одделение Старо Нагоричане.

А.Д.(18) синоќа во 2:40 часот во Полициска станица Куманово пријавил дека во близина на угостителски објект во Куманово бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

А.М.(32) од село Лавци вчера во 11:20 часот во Полициска станица Битола пријавил дека околу 2:45 часот во близина на ноќен клуб во Битола бил физички нападнат од Д.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска во 0:50 часот во Битола од полициски службеници е лишен од слобода И.Ј.(28) од село Карамани, битолско затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

А.Р.(40) од Прилеп ноќеска во 1:45 часот во ОВР Прилеп пријавила дека пред угостителски објект во Прилеп нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Б.Ц.(62) од  село Градашорци вчера во 15:00 часот во Полициска станица Струмица пријавил дека на 16.06.2023 околу 17:30 часот во село Василево бил  физички нападнат од  едно лице од Василево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Д.И.(52) од село Василево вчера во 18:00 часот во Полициска станица Струмица пријавил дека околу 16:30 часот пред продавница во Василево по претходна расправија бил физички нападнат од Р.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ш.У.(45) од село Банско вчера во 21:30 часот во Полициска станица Струмица пријавил дека околу 20:00 часот во село Василево бил физички нападнат од М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Д.С.(64) од село Злеово вчера во 15:30 часот во Полициска станица Радовиш пријавил дека околу 13.:0 часот во Злеово бил физички нападнат од В.В. од Злеово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

В.Т.(22) од Струмица ноќеска во 3:40 часот во Полициска станица Струмица пријавил дека околу 3:00 часот во угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска во 2:10 часот во Гостивар од полициски службеници е приведен Ј.С.(24) од Гостивар затоа што, според пријавеното, околу 1:45 часот во близина на угостителски објект во Гостивар учествувал во нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале неколку лица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Т.А.(48) од Скопје утринава во 3:40 часот во Полициска станица Центар пријавил дека синоќа околу 23:30 часот пред угостителски објект на подрачје на Центар по претходно недоразбирање околу сообраќајот неговиот син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ф.П.(24) од Скопје вчера во 15:05 часот во Полициска станица Центар пријавил дека завчера околу 22:50 часот на паркинг простор пред театар на подрачје на Центар бил физички нападнат од К.М заедно со неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на изминатата вечер во периодот од 23:00 до 5:00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 20 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 23 други видови прекршоци.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 25 санкции за управување под дејство на алкохол, 11 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила...вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан