• вторник, 12 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, СВР - Охрид поднесе кривична пријава против Е.И.В.(58) од Република Бугарија и А.Т.(41) од Охрид.

Во периодот од 30 април до 13 мај 2024 година, Е.И.В. и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни несреќи во кои имало жртви. Доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им барале пари со цел да ги ослободат од затворски казни, по што А.Т. одел на средба со оштетените, ги земал парите и во соседна земја ѝ ги предавал на Е.И.В.. На овој начин, тие извршиле три кривични дела со што се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 1.894.983 денари.   

Синоќа во 21 часот на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, го лишиле од слобода В.С.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, а покрај тоа, тој агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање, против В.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во осум часот, кај место викано „Тракаљачко маало“ во атар на село Танушевци, скопско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции - Скопје и од Полициската станица за граничен надзор - Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи - Север, по претходно добиени сознанија и во соработка со косовската гранична полиција, спречија криумчарење на производи за широка потрошувачка од Косово кон Република Северна Македонија.

Имено, полициските службеници затекнале две товарни возила, по што возачите го напуштиле местото. При преглед на товарното возило „фолксваген“ со шведски национални ознаки, пронајдена била поголема количина производи за широка потрошувачка, додека за товарното возило „мерцедес“ без регистарски ознаки било констатирано дека е празно. Увид на местото извршила екипа од СВР - Скопје, за настанот бил известен јавен обвинител. Производите биле однесени во Полициската станица за граничен надзор - Танушевци за понатамошна постапка.

СВР - Велес поднесе кривична пријава против Х.Т.(18) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 20.09.2023 во Неготино, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и дробилка.

Денеска во 02.50 часот во СВР - Скопје било пријавено дека во угостителски објект во скопскиот Градски парк бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Н.(19) од една страна и еден малолетник од друга страна, двајцата од главниот град на државава.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Д.Д. (48) од Скопје и Ј.Ј.(22) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 27.05.2024 на улицата „Војвода Васил Чакаларов“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед кај пријавените, при што пронашле и одзеле марихуана.

Синоќа во 21.16 часот во СВР - Скопје, 26-годишна жена пријавила дека на 25.05.2024 околу 01.30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер П.Р.(38) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ч.(35) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

Пријавениот, заедно со А.Т. и К.К., со употреба на сила го внеле К.Б. во патничко возило, по што А.Т. со остар предмет му нанел повреди, а потоа на мостот „Беласица“ физички го нападнале и му одзеле пари.

Вчера во 13.40 часот во СВР - Скопје, С.Р.(24) од Скопје и Г.В.(21) од Штип пријавиле дека во 12.55 часот на подрачјето на Шуто Оризари, поради нерасчистени должничко - доверителски односи, биле физички нападнати од Е.К.(31) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР - Тетово за поголем ред и безбедност на сообраќајот, вчера во периодот од 11 до 17 часот, спроведена е акциска контрола за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

При контролата биле откриени и санкционирани 16 прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-4), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 8 (ТЕ-4 и ГВ-4) и 3 (ТЕ) мотоцикли со поминат рок на важност на сообраќајната дозвола. Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци.

Вчера во 11 часот во СВР - Скопје, 45-годишен скопјанец пријавил дека на 27.05.2024 околу 19.10 часот во канцеларија на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговата партнерка М.С.(45) од главниот град на државава.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На подрачјето на СВР - Штип вчера спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

За време на контролата биле санкционирани 19 прекршоци, од кои 6 надвор од населено место и 13 во населено место. Санкционирани биле и 25 други видови на прекршоци.

Вчера во 08.25 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, И.П.(32) бил физички нападнат од З.К.(62), двајцата од главниот град на државава.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 00.50 часот во Полициската станица - Велес, К.Ѓ.(22) од овој град пријавил дека на улицата „Благој Ѓорев“ во градот бил каснат од куче скитник.

Вчера и денеска, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје ги лишиле од слобода Т.Б.(50), Д.Б.(21) и Е.Б.(34), тројцата од главниот град на државава.

Тие се сомничат дека вчера околу 10.15 часот, по претходна расправија, физички ги нападнале М.М.(39) и неговата мајка Д.М.(56), двајцата од селото Инџиково, скопско, во дворот од нивната семејна куќа, при што употребиле метални и остри предмети, а потоа оштетиле и товарно возило. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 10.40 во СВР - Скопје, 32-годишна жена од скопско пријавила дека на 23.05.2024 на нејзин профил на социјална мрежа, од малолетник од главниот град на државава, кој бил во љубовна врска со нејзината ќерка, добила видео со експлицитна содржина на кое била нејзината малолетна ќерка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 10.20 часот во ОВР - Кичево, И.Ј.(67) од кичевското село Туин пријавил дека на улицата „Прилепска“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

Истиот ден, Д.Д.(45) пријавил дека на локален пат во кичевската населба Крушино бил каснат од куче скитник.

Вчера во СВР - Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолтеник од село Чифлик, скопско.

По преземени мерки, констатирано било дека околу 12.30 часот пред основно училиште во село Чифлик, а по претходна расправија на социјална мрежа, малолетникот бил физички нападнат од неколку малолетници, кои употребиле и тврд предмет. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Вчера во 09.40 часот во Полициската станица - Велес, Н.Ф.(69) од овој град пријавила дека на улицата „Димитар Влахов“ била касната од куче скитник.

Вчера во 14.10 часот во СВР - Скопје, М.Г., во присуство на социјален работник, пријавила дека на 17.05.2024 во скопско село, Г.М. извршил обљуба врз малолетничка на која таа ѝ е законски згрижувач.

Според пријавеното, тој упатувал и закани кон малолетничката и кон М.Г.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Вчера во 18.30 часот во Полициската станица - Кисела Вода, Г.Б.(40) од Скопје пријавил дека на улицата „Божидар Аџија“ во градот бил каснат од куче скитник.

Вчера во 18.14 часот во СВР - Скопје, П.Б.(43) од овој град пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од тројца малолетници, од кои едниот му се заканил со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 16.10 часот во ОВР - Гостивар, А.Б. пријавила дека на улицата „Гоце Делчев“ во градот, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан