• среда, 27 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 25 март 2023 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Е.Е.(36) од село Мамудовци, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

На 29.05.2022, пријавениот злоупотребил лични фотографии на женско лице од Гостивар и на социјалната мрежа Фејсбук креирал лажен профил, а потоа поставил лични податоци, нејзина фотографија и две фотографии со експлицитна содржина.

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Ф.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 16.10.2022, пријавениот со дебитна картичка, сопственост на друго лице, од банкомат во Кочани подигнал пари. 

 На 24.03.2023 во 13.00 часот во Полициска станица Пехчево е пријавено дека во семејната куќа во Пехчево по претходна расправија Ф.А.(38) бил физички нападнат со остар предмет од неговиот татко Џ.А.(64).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 24.03.2023 во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Разловечко востание“ во стан сопственост на  Д.Ѓ.(60) експлодирала плинска боца, по што настанал пожар.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Поради вдишување чад еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.  

 На 24.03.2023 во 14.05 часот во СВР Штип било пријавено дека од покрив на хотел во Штип додека изведувал градежни работи паднал Х.Л.(32) од Скопје, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и полициски службеници од СВР Штип, а за настанот е известен Државен трудов инспекторат.

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против С.Н.(24) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 03.11.2022 во населба Циглана во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Н.З.(28) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 10.02.2022 во Гостивар, полициските службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Л.Ф.(61) од село Форино, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 17.03.2022 во село Форино, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Б.А.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 17.07.2022 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

 СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 27.02.2022, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле марихуана и кокаин .

 СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Р.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 28.02.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.

 СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Н.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 02.03.2022, полициски службеници  извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

 На 24.03.2023 во 13.05 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ дошол Е.Б., кој според пријавеното бил физички нападнат од негов колега од комунално претпријатие.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 24.03.2023 во 14.40 часот во Полициска станица Гази Баба М.Ј.(37) од Скопје пријавил дека во 14.00 часот во близина на продавница на подрачје на Гази Баба бил физички нападнат од Д.Г.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.03.2023 во 16.30 часот во Полициска станица Гази Баба П.С.(81) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот во близина на нејзината куќа на подрачје на Гази Баба поради нерасчистени имотно-правни односи била физички нападната од нејзината сосетка Б.Р. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 25.03.2023 во 02.00 часот во угостителски објект на подрачје на Центар од полициски службеници приведен е А.Ј.(24) од Кичево затоа што кај него е пронајдена и одземена прашкаста материја. 

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 На 24.03.2023 во 22.15 часот во Полициска станица Бит-пазар Б.И.(68) од Скопје пријавил дека во 20.25 часот на подрачје на Бит-пазар поради нарушени семејни односи бил физички нападнат од А.Н.(56) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 25.03.2023 во 01.05 часот на подрачје на Чаир од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Д.Д.(48) од Скопје, затоа што според пријавеното околу 22.00 часот агресивно се однесувал и упатувал закани на неговата мајка С.И.(66) од Скопје. 

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 На 24.03.2023 во 00.30 часот во Полициска станица Куманово е пријавено дека на 23.03.2023 околу 23.30 часот на влез од Куманово, 39-годишна скопјанка по претходна расправија била физички нападната од А.Б.(37) од Тетово, со кого живеела во вонбрачна заедница. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 23.03.2023 во 14.35 часот во Полициска станица Куманово Е.Г.(43) од Куманово пријавила дека во Куманово била физички нападната од нејзината сосетка В.П.(46) од Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 24.03.2023 во 19.50 часот во Полициска станица Битола, 21-годишна жена од село во Битолско пријавила дека околу 17.00 часот пред маркет во Битола била физички нападната од  Д.Ј. со кого претходно била во врска.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 24.03.2023 околу 09.30 часот во Полициска станица Битола е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на ул. Ј.Јосифовски во Битола.

Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Битола.

 На 24.03.2023 во 21.30 часот во Полициско одделение Новаци Ѓ.Р.(31) од с.Мусинци, Битолско, пријавил дека околу 15.30 часот во с.Мусинци бил физички нападнат од В.Г.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 24.03.2023 во 11.20 часот во Полициска станица Виница е пријавено дека околу 10.30 часот во средно училиште во Виница ученик бил физички нападнат од неколку негови соученици.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 24.03.2023 околу 13.00 часот во Полициска станица Пехчево е пријавено дека во Пехчево по претходна расправија е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.Ф.(41) и Ф.А.(39), двајцата од Пехчево.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 24.03.2023 во 00,45 часот во Полициска станица Струмица В.Ѓ.(44) од с. Бориево, Струмичко, пријавил дека на 23.03.2023 околу 23.30 часот пред маркет во с. Бориево бил физички нападнат од К.Т. и О.Н.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.03.2023 добиена е пријава од средно училиште во Скопје дека полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички.

Веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и  Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а против лицето ќе биде поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување решение во дисциплинската постапка.

 На 24.03.2023 во 08.35 часот во Полициска станица Струмица Р.М.(67) од с.Градашорци, Струмичко, пријавил дека на 23.03.2023 околу 11.30 часот во с.Градашорци бил физички нападнат од Б.М.  од с.Градашорци.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 23.03.2023 во 18.10 часот во Полициско одделение Ново Село С.М.(28) од с.Иловица, Струмичко, пријавил дека околу 17.20 часот на место викано „Иловичка брана“ во с.Иловица по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од неколку лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 24.03.2023 во 19.00 часот во Полициска станица Гостивар Г.Д.(44) од с. М. Турчане, Гостиварско, пријавил дека околу 15.00 часот во дворот од својот дом во с. М. Турчане бил физички нападнат од неговиот внук А.Д. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 24.03.2023 во 15.45 часот во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода Б.Н.(47) од Тетово затоа што според пријавеното околу 11.00 часот во угостителскиот објект му упатувал закани на сопственикот И.Г.(47) од Тетово. 

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 Во текот на изминатата вечер (24/25.03.2023) во периодот од 23.00 до 04.00 часот полициски службеници од СВР Скопје заедно со Државниот трудов инспекторат и Државниот пазарен инспекторат, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје.

При контролата затекнати се шест малолетници кои консумирале алкохол. Лицата се приведени,а против одговорното лице се преземаат мерки во содејство со Државниот пазарен инспекторат. Констатирани се и два прекршока по Законот за приватно обезбедување, за немање лиценца за лице ангажирано како обезбедување, а од страна на ДПИ и ДТИ констатирани се и прекршоци во однос на неиздавање на фискални сметки и прекршување на законот за пушење.

 На 25.03.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода М.К.(32) од  Битола.

Тој се сомничи за извршени две тешки кражби во викендици во Битолско од каде биле одземени предмети, кои се пронајдени и вратени на сопствениците, а по документирање на настанот против сторителот ќе следува соодветна пријава. хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан