МВР Билтен (ДПЛ)
- Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 20.00 часот во Куманово го лишиле од слобода М.П.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 и „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 20.00 часот во Куманово го лишиле од слобода М.П.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 и „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе договори за купопродажба, договори за подарок, уплатници и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичните дела. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.03.2025 во 23.49 часот на магистралниот пат Кичево - Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода М.Ц.50) од село Мешеишта, општина Дебрца.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 12.03.2025 во 07.00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево го лишиле од слобода Л.Ј.(30) од Кичево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.03.2025 во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.Г.(74) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.03.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензинска пумпа на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.М.(53) од с.Миладиновци, Скопско, и 16-годишник од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.03.2025 во 20.45 часот во СВР Скопје, Н.Т.(38) од Скопје пријавил дека пред станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од И.С..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.03.2025 во 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Кидрич“ со ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило, управувано од женско лице, удрило во А.З.(18) од Тетово и го напуштило местото на настанот.
Во несреќата, А.З. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.03.2025 во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца - Организациона единица Козле било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник И.И.(14) од Битола.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 11.03.2025 во 13 часот во СВР Битола, О.Ш.(64) од Битола пријавила дека на ул.„Пелистер” во Битола била касната од куче скитник.
На 11.03.2025 во 16.30 часот во СВР Битола, Д.Т.(56) од Битола пријавил дека на ул.„Наум Наумовски Борче” во Битола бил каснат од куче скитник.
На 11.03.2025 во 17.00 часот во СВР Битола, Б.Р.(54) од Битола пријавил дека кај хотел „Битола“ во Битола бил каснат од куче скитник.
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.А.(22) и А.А.(20) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојништво“.
На 16.07.2024 кај вештачкото езеро во Прилеп, второпријавениот физички го нападнал А.С., а првопријавениот му ја одзел чантата со пари и мобилни телефони.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во текот на 2024, жена од Тетово нарачала мебел кај пријавениот во вредност од 5.000 евра, при што оставила и капар од 1.400 евра. Но, пријавениот не ја испорачал нарачката и не ги вратил парите.
СВР Битола поднесе кривична пријава против К.С.(51) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „лихварство“.
Од мај 2024 година до февруари 2025 година, пријавениот, на едно лице од Битола во повеќе наврати му позајмил 15.000 денари и притоа за девет месеци му наплатил камата од 59.500 денари. Исто така, од октомври 2024 година до февруари 2025 година, пријавениот, на друго лице од Битола, му позајмил вкупна сума од 50.000 денари и за четири месеци му наплатил камата од 74.000 денари.
СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(65) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност“.
На 05.02.2025 пријавениот, лекар во Клиничка болница Штип, влегол во една од салите за операција каде се изведувала операција и се обидел да го земе апаратот за анестезија, при што физички нападнал негов колега кој ја вршел интервенцијата.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.Т.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 01.02.2025 во Итната медицинска помош во Прилеп, пријавениот нападнал медицинска сестра додека му пружала помош.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Тетово и А.Д.(29) од Тетово, сопственик и управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластено употреба на туѓа фирма’’.
На 21.01.2025 била извршена контрола, при што било констатирано дека во правниот субјект се врши продажба на текстилни производи кои подлежат на заштита на трговска марка и не кореспондираат со прописите за индустриска сопственост, а за кои не поседувал соодветна дозвола.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.О.(53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца’’.
На 03.03.2025 во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Т.(62) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
На 22.12.2023, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.П.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 14.07.2024, по претходно пријавен настан за семејно насилство, полициски службеници го затекнале пријавениот како се заканувал со огнено оружје, кое го поседувал со дозвола. Потоа бил извршен претрес и од него биле одземени ловечка пушка, две воздушни пушки и муниција од различен калибар, а по извршените проверки било констатирано дека неовластено набавил и држел кај себе повеќе куршуми од дозволеното.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.И.(64) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 31.07.2024 на патниот правец од с.Рамно кон с.Побожје, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“, во кое сопатник бил пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм, рамка за пиштолот и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола. хс/
Фото: МИА архива