• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 24 август 2023 (МИА) - Денеска (24.08.2023), во Полициското одделение Жеровјане бил извршен службен разговор со А.С.(38) од Чегране, гостиварско, сопственик на депонија, по што му била изготвена пријава по член 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Имено, вчера (23 август), околу 12.30 часот во месноста „Димновица“, атар на тетовско Стенче, А.С. се однесувал агресивно, ги попречувал во работата и се заканувал на С.З.(35) и Б.П.(36), двајцата од Тетово, кои извршувале професионални задачи како новинари.   

ОВР Кавадaрци поднесе кривична пријава против А.Б.(25) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавената, на 23.07.2023 од дворот на оштетениот во село Дреново одзела кредитна картичка која била падната на земја и истиот ден во неколку наврати ја искористила и се стекнала со противправна имотна корист. 

На 23.08.2023, полициски службеници од ОВР Берово, по преземени мерки за откривање на незаконита сеча на дрва во содејство со вработени од Јавното претпријатие Национални шуми „Малешево“ Берово, на место викано .„Каменица“ атар на с. Владимирово, беровско, во шумска парцела во државна сопственост го затекнале З.Г.(48) од с.Владимирово како незаконито вршел сеча и утовар во приколка на огревно дрво. З.Г. го напуштил местото, а приколката и дрвата биле одземени и предадени на вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми“ Малешево-Берово на понатамошна постапка. По комплетирање на случајот против З.Г. ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 23.08.2023 околу 19.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Н.Г.(18) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 14.40 часот во својот дом со остар предмет нападнал и повредил 15-годишник од Кочани, а според неговото кажување, тоа го направил поради расправија за девојка. Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кочани каде му била укажана лекарска помош. Н.Г. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 23.08.2023 во 14.20 часот во Полициската станица Центар, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди биле донесени Н.Х.(47) од Скопје и М.Н.(54) од Куманово. Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при извршување градежни работи во фирма на подрачје на Центар. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид изршиле полициски службеници од СВР Скопје. 

На 23.08.2023 во 15.10 часот во Полициската станица Центар, Д.М.(45) од Скопје пријавил дека на 22.08.2023 околу 21.00 часот на подрачје на Центар неговиот малолетен син бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.08.2023 во 07.25 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Д.(36) од Скопје пријавил дека околу 07.15 часот на подрачје на Чаир бил физички нападнат од Ј.О.(26) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.08.2023 во 20.20 часот во Полициската станица Аеродром, К.Н.(31) од Скопје пријавила дека околу 17.00 часот на подрачје на Аеродром била физички нападната од нејзиниот сосед Д.Ш. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.08.2023 во 19.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, 50 - годишен скопјанец пријавил дека на 21.08.2023 врз неговата малолетна ќерка била извршена обљуба од 17- годишник од Скопје, со кого била во врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.08.2023 во 20.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, К.Б.(52) од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот на подрачје на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 24.08.2023 во 01.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.Џ.(31) од Скопје пријавил дека на 22.08.2023 околу 22.40 часот на подрачје на Бит Пазар бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 24.08.2023 во 04.10 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Н.(44) од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека околу 03.40 часот на паркинг простор на подрачје на Кисела Вода бил физички нападнат од Ј.А. од с.Сопиште и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.08.2023 во 20.28 часот во Полициската станица Аеродром, Т.М.(36) од Скопје пријавила дека околу 20.00 часот во двор од училиште на подрачје на Аеродром нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.08.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Гази Баба, И.К.(40) од Скопје пријавил дека на подрачје на Гази Баба, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од В.Т.(31) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 24.08.2023 во 00.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено дека на подрачје на Шуто Оризари, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.А.(43) и И.Р.(32), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.08.2023 околу 19.45 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во с.Зелениково, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.С.(62) од една страна и Ј.К.(70) и И.К.(48), од друга страна, сите од с.Зелениково. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.08.2023 во 16.30 часот во СВР Охрид, 42-годишна жена од Германија, со престој во Охрид, пријавила дека на 21 и 22.08.2023 во Охрид, А.О.(46) од Република Турција, со престој во Кичево, извршил обљуба врз неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.08.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Ѓ.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

На 24.08.2023 во 00.55 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Л.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Димитар Македонски“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче сопственост на П.П. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.08.2023 во 11.20 часот во СВР Охрид, М.Т.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Марко Нестороски“ бил каснат од куче скитник. 

На 23.08.2023 во 21.40 часот во Полициската станица Кичево, Д.И.(36) од  Охрид, со живеалиште во Кичево, пријавил дека на магистралниот пат Кичево-Охрид бил каснат од куче скитник. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.Џ.(29) и М.Џ.(23), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 23.06.2023 во Куманово, пријавените физички ги нападнале Л.Л. и Г.С. од село Проевце, кумановско, во домот на Т.Т. од истото село, при што употребиле и метален предмет. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.С.(52) од село Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2017 година, пријавениот преку лажно прикажување на факти довел во заблуда 45-годишен гостиварец,  ветувајќи дека ќе му обезбеди работна виза и други документи за работа во европска земја, а за услугата побарал пари. За таа цел, оштетениот му исплатил 4.500 евра, но пријавениот не ги обезбедил потребните документи.   

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. На 06.10.2022 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамин. 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.Ч.(47) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем’’ и „злоупотреба на лични податоци’’. Пријавениот, пред неколку месеци довел во заблуда лице од струмичко село на начин што му ја зел платежната картичка со изговор дека со неа ќе поднесе и ќе му помогне да добие социјална помош. Потоа, во повеќе наврати во периодот од 06.02.2023 до 15.03.2023 ја користел картичката и го оштетил лицето во вкупен износ од 30.250 денари. 

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Е.(36) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во текот на  октомври, пријавениот без согласност на женско лице од Гевгелија, ги искористил нејзините лични податоци и нејзина фотографија и креирал профил на социјалната мрежа Фејсбук со нејзино име и презиме, на кој поставил и нејзина фотографија.   

На 23.08.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Карпош, 48 - годишна скопјанка пријавила дека едно лице ја допирало по телото нејзината ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Надворешната канцеларија за криминалистички Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Р.(22) од село Норово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 29.06.2023 на магистралниот пат Кичево-Гостивар, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „рено меган“, управувано од пријавениот, а кој притоа на увид приложил фалсификувана возачка дозвола.   

Надворешната канцеларија за криминалистички Кичево поднесе кривична пријава против Г.П.(47) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“. На 12.06.2023 во Кичево, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на превој Стража, пријавениот во својство на референт за превоз во Шумско стопанска единица „Тајмишка Шума“ во ЈП „Национални Шуми“ - Скопје, при контрола на полициските службеници им дал на увид фалсификувана испратница заверена со службен печат и потпис за пренос на огревно дрво во количина од 10,50 кубни метра со товарно возило Мерцедес во која навел регистарски таблички од друго товарно возило. 

Денеска (24.08.2023) околу 14.50 часот во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во соработка со СВР Тетово го лишиле од слобода С.З. од Данска. Тој бил баран по меѓународна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. Лицето било предадено во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Остани поврзан