• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 10 март 2024 (МИА) - Вчера во 17:50 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Л.(26) од Скопје. Кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

На подрачјето на општина Аеродром во Скопје, вчера во 21 часот  полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 21:10 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода П.С.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.03.2024 во 23:10 часот полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Р.С.(21) од струшкото село Лабуништа. При преглед во патничко возило „ренџ ровер“ со струшки регистарски ознаки, што тој го управувал, извршен во близина на деловен објект во Струга, полициските службеници пронајдоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за обид за убиство против пет лица во врска со кривично правен настан на 08.03.2024 околу 19 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, кога пет лица со остар и тврд предмет го нападнале М.А.(33) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје и С.Е.(30), И.Е.(27), Х.Е.(48), Б.Е.(23), сите од Скопје, се лишени од слобода, а денеска и Ј.Б.(20) од Скопје е лишен од слобода. Во координација со ОЈО Скопје од страна на ЕНК-ОКСД при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка на лицата С.Е. и Х.Е. им е определена мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека пак на лицата И.Е. и Б.Е. определена им е мерка домашен притвор.

На 09.03.2024 околу 07:40 часот во Кавадарци од страна на полициски службеници од Полициска станица Кавадарци биле приведени В.С.(32) и А.Р.(26), двајцата од Кавадарци, поради тоа што при извршена проверка во нивните патнички возила „хјундаи“ и „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени и одземени дабови огревни дрва. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  


На 10.03.2024 во 03:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект лоциран на  Градскиот пазар во Охрид, сопственост на А.Р. од Охрид, настанал пожар, кој се проширил на неколку апартмани на горниот кат. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Денеска во 02:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Т.(41) од Неготино, поради постоење основи на сомнение дека околу 01:45 часот опожарил врата од стан каде престојувала неговата 35- годишна сопруга со која биле во бракоразводна постапка, а претходно му упатувал закани на нејзиниот партнер. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.03.2024 во 20:10 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена од Скопје пријавила дека на автобуската постојка на подрачјето на Гази Баба во Скопје, едно лице ја допирало нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.03.2024 во 18:40 часот во СВР Скопје М.С.(74) од Скопје, пријавил дека околу 16:30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, бил физички нападнат од неколку малолетни лица кои со закана му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.03.2024 во 09:25 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Чаир во Скопје, била опожарена куќа сопственост на Ф.А.(53). Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.


На 09.03.2024 во 19.20 часот во СВР Скопје, Ј.В.(54) од Скопје пријавил дека околу 10:30 часот во населбата Радишани во Скопје тој, неговиот син Х.В.(29) и неговиот сват В.Р.(64) по претходна расправија биле физички нападнати од О.М.(29) и уште едно лице со остар и тврд предмет. Со тешки телесни повреди се здобиле Х.В. и В.Р., а пријавителот се здобил со телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.03.2024 во 12:45 часот во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Х.А.(31) од Гостивар кој го нарушил јавниот ред и мир и се однесувал агресивно кон неговиот татко и полициските службеници кои преземале службени дејствија по претходна пријава. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.03.2024 во 13.20 часот било пријавено дека во с.Фалише-тетовско, по претходна расправија, Б.И. од с.Вешала бил физички нападнат од Х.З. од село Фалише. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 09.03.2024 во 23:30 часот Ф.С.(18) од с.Врапчиште-гостиварско пријавил дека околу 19:30 часот во објект за видео игри во селото бил физички нападнат од А.Р.(40), кој користел и дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Денеска во 04 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица на место викано „Вршник Бара“ забележале две лица на меѓуграничниот простор кои носеле торба и неколку кеси и ги оставиле по што го напуштиле местото на настанот. Полициските службеници пронашле 238 штеки цигари, тутун и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.03.2024 во 17 часот 36- годишна жена пријавила дека на 08.03.2024 околу 19:30 часот во Кочани била физички нападната од нејзиниот син М.Л. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


На 09.03.2024 во 15:20 часот во Полициска станица Гази Баба во Скопје, П.В.(38) од село Ржаничино, скопско пријавил дека на улица „16-та Македонска Бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 09.03.2024  во 17:45 часот во Полициска станица Аеродром во Скопје, М.П.(40) од Скопје пријавила дека во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.свс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан