• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 29 април 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 286 возачи.

Од нив, 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 118 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 168 надвор од населено место.

Вчера во периодот од осум до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово, спроведена е акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената.

При контролата, санкционирани биле вкупно 28 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Од нив, 20 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ТЕ-9 и ГВ-11), од кои 1 возач (ТЕ) ја пречекорил максимално дозволена брзина за повеќе од 70 километри на час, а 4 (ТЕ) за повеќе од 50 километри на час. Исто така, во текот на контролата биле констатирани и 8 (ТЕ) пречекорувања на брзината во населено место. На возачите –прекршители, изготвени им се предвидените законски поднесоци.

Синоќа во 23.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Т.С.(47), Т.С.(56), Д.С.(43), Б.С.(27), С.С.(22) и Е.С.(51), сите од главниот град на државава, затоа што околу 22.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.  

Вчера во 12.20 часот во СВР Велес, Ѓ.Р.(20), Е.А.(43) и О.А.(43), сите од овој град, пријавиле дека на улица „Благој Страчковски“ во градот биле каснати од куче, сопственост на нивниот сосед З.„Н“..

СВР Куманово поднeсе кривична пријава против С.А.(26) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 20.08.2023 во градот, полициски службеници од СВР Куманово извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин и дробилка.

Вчера во 16.15 часот во СВР Скопје, пријавено било дека на подрачјето на Драчево, по претходна расправија околу паркирано возило, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.К. и Д.К.(24) од една страна и З.Џ. од друга страна, сите од главниот град на државава, при што со тешки телесни повреди се здобил Д.К..

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Синоќа во 23.15 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од главниот град на државава.

Според пријавеното, околу 22.40 часот на подрачјето на општина Гази Баба во Скопје, тој и негов другар биле нападнати со дрвени и метални предмети од неколку други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15 часот во ОВР Прилеп, М.Д.(27) од овој град, пријавила дека на Градското шеталиште, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Денеска во 01.45 часот во СВР Скопје, М.М.(18) од главниот град на државава, пријавила дека околу 01.10 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од Б.Х..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 22.30 часот во СВР Скопје, А.М.(37) од овој град, пријавила дека околу 22 часот на подрачјето на Центар, по претходна вербална расправија, била физички нападната од женско лице со иницијали В.Н..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утринава во 08.30 часот во СВР Битола, Ф.Б.(47) од овој град, пријавила дека на улицата „Батаљон  Стив Наумов” била касната од куче скитник.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Е.(31) и Х.Е.(49), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и против И.Е.(28), Б.Е.(24) и Ј.Б.(21), сите од главниот град на државава, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид и „соизвршителство“.

На 08.03.2024, по претходна расправија со М.А., пријавените физички го нападнале, по што првопријавениот со остар предмет му нанел повеќе убодни рани.

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од овој град, пријавила дека на 27 април, околу 23 часот на подрачјето на Карпош, нејзината малолетна ќерка била физички нападната и допирана по телото од неколку малолетници, кои ги познавала од претходно.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Аеродром била пронајдена почината Т.М.(54) од овој град.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.  

Утринава во 08.30 часот во СВР Битола, О.О.(54) од градот пријавил дека на улицата „Широк сокак“ бил каснат од куче скитник .

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од село Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „загрозување на сигурноста“.

Во периодот од 24 до 28 февруари, преку социјална мрежа, пријавениот во повеќе наврати испратил пораки со заканувачки содржини кон тројца полициски службеници. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан